Application form for financing of research projects Датум на поднесување 27. 01. 2015



жүктеу 0.92 Mb.
бет1/4
Дата18.04.2019
өлшемі0.92 Mb.
түріApplication form
  1   2   3   4

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП





До Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Фонд за научноистражувачка работа
Барање за финансирање на научноистражувачки проект

Application form for financing of research projects


Датум на поднесување

27.01.2015

Проект бр.

0801-139/29





Date of submission

27.01.2015

Project No:

0801-139/29




Наслов на проектот

Евалуација на имунолошкиот статус во однос на тетанусот кај различни возрасни групи на население

Клучни зборови

тетанус имунитет, имунопрофилакса,вакцинален статус, превенција

FRASCATI класификација

3.0 Здравствени науки

3.1Општа медицина (Епидемиологија, Имунологија)

Фундаментални медицински науки




Proposal Title

Evaluation of immune status regarding tetanus among different age groups of population


Keywords

tetanus immunity, immunoprophylaxis, vaccine status, prevention

FRASCATI classification

3.0. Health Sciences 
3.1General Medicine (Epidemiology, Immunology)
Basic Medical Sciences


ПРВ ДЕЛ/PART 1:

Апстракт (максимум 250 зборови)


Вовед: Тетанусното заболување е проширено и актуелно во целиот свет, заради широката распространетост и големата отпорност на причинителот на заболувањето, тешката клиничка слика и високиот леталитет. Глобално решавање на проблемот со ова смртоносно заболување е можно со преве нција на заболувањата. За таа цел е потребно постојаното осовременување на превенцијата на заболувањата особено во делот на имунопрофилаксата. Оваа констатација се потенцира со фактот дека во денешно време не постојат можности за комплетна ерадикација на тетанусот.

Цели на проектот: основна цел на на овој проект е да се осовремени имунопро филаксата на тетанусот кај населението на Република Македонија. За постигнување на оваа цел потребно е да се создадат соодветни предуслови, релевантни факти и заклучоци кои произлегуваат од:

евалуацијата на вакциналниот и имунолошкиот статус статус во однос на тетанусот кај населението на Република Македонија; евалуацијата на имуниот одговор по давањето на одделни, дози на антитетанусна вакцина; согледувањето на епидемиолошките карактеристики на тетанусот во Република Македонија; можноста да се применува методата на класична ЕЛИСА (Enzyme linked immunosorbent assay); можноста да се направи модификација и/или адаптација на брза, скрининг метода за ин витро одредување на вредностите на тетанусниот антитоксин.



Испитаници: Вкупно ќе бидат вклучени 300 испитаници, кои ќе бидат поделени на групи, професионални војници, активни воени лица и цивилно население на различна возраст и со различен вакцинален статус во однос на тетанусот.

Ќе бидат анализирани 300 примероци на серум од венска крв. За секој испитаник ќе биде направена епидемиолошка анкета, во која меѓу останатото, задолжително ќе бидат евидентирани и податоците комплетната имунопрофилакса на тетанусот.

За одредување на имунолошкиот статус на испитаници, како и за непосредно следење на поствакциналниот имунитет, ќе се користи методата на класична ЕЛИСА, а ќе се направи модификација и/или адаптација на брза, скрининг метода за ин витро одредување на вредностите на тетанусниот антитоксин, која ќе се применува за рационална пост-експозиционната имунопрофилакса на тетанусот.

Очекувани резултати: Очекуваме да биде прецизно измерен титарот на антитела во однос на тетанусот, со помош на методата на класична ЕЛИСА, и со адаптирана, скрининг метода.

Со евалуацијата на добиените податоци ќе може да се утврди успешноста на вакцинирањето против тетанус и имунолошкиот статус во однос на тетанусот кај повредените лица. Со оваа можност ќе се создадат соодветни предуслови, за максимална рационализација на постекспозиционната имунопрофилакса на тетанусот, од стручно-медицински и економски аспект. Со релевантните информации за имунолошкиот статус, ќе се избегнуваат евентуалните хипер или хипо имунизација кои се последица на постекспозиционната имунопрофилакса на „слепо“).


Клучни зборови: тетанус, имунитет, имунопрофилакса, вакцинален статус, превенција.


Abstract (max 250 words)

Introduction: Тetanus disease is currently expanded worldwide due to the widespread and high resistance to the cause of the disease, severe clinical picture and high lethality. Global problem solving this deadly disease as the prevention of diseases. Therefore, you need constant updating of prevention of diseases especially in the Immune. This statement is emphasized by the fact that nowadays there are opportunities for complete eradication of tetanus.

Aim of the research: The main objective of this project is to modernize immunoprophylaxis of tetanus among the population of the Republic of Macedonia. To achieve this goal it is necessary to create appropriate conditions, relevant facts and conclusions arising from:

evaluation of vaccination status and immune status in terms of tetanus among the population of the Republic of Macedonia; Evaluation of the immune response after the administration of separate doses of antitetanus vaccine; recognizing the epidemiological characteristics of tetanus in the country; the possibility to apply the method of classical ELISA; possibility to make modification and / or adaptation of the rapid screening method for the in vitro determination of the values of tetanus antitoxin.



Participants: Total will be included 300 respondents, who are divided in groups, professional soldiers, active military personnel and civilians of all ages and with different vaccine status regarding tetanus.

Will be analyzed 300 serum samples from vein. Each respondent will be made an epidemiological survey, in which among other things, must be recorded and the data complete immunoprophylaxis of tetanus.


To determine the immune status of the respondents, as well as for direct monitoring immunity postvakcination will use the method of classical ELISA, and will make adaptation of rapid screening method for in vitro determination of the values of tetanus antitoxin, which will be applied to rational post-exposition immunoprophylaxis of tetanus.




Expected results: We expect to be accurately measured titer of antibodies against the tetanus, using the method of classical ELISA, and adapted screening method.

The evaluation of the data can determine the success of vaccination against tetanus and immune status in terms of tetanus in injured persons. This opportunity will create appropriate conditions for maximum rationalization of post-exposition immunoprophylaxis of tetanus, professional medical and economic terms. The relevant information on the immune status, will avoid any hyper or hypo immunization consequence of post-exposition immunoprophylaxis of "blind").


Keywords: tetanus immunity, immunoprophylaxis, vaccine status, prevention.

Детален опис на проектот:


Вовед:

Детален опис на сегашните сознанија на предметот на истражувањето (максимум 1 страница)


Тетанусното заболување е проширено и актуелно во целиот свет, заради широката распространетост и големата отпорност на причинителот на заболувањето, тешката клиничка слика и високиот леталитет. Глобално решавање на проблемот со ова смртоносно заболување е можно со превенција на заболувањата. За таа цел е потребно постојаното осовременување на превенцијата на заболувањата особено во делот на имунопрофилаксата. Оваа констатација се потенцира со фактот дека во денешно време не постојат можности за комплетна ерадикација на тетанусот.

Задолжителната имунизација против тетанус придонесе за рапидно намалување на неговата инциденца во земјите каде што таа се применува .

Така во Европа, САД и во други земји со развиена здравствена служба тетанусот е пред целосна елиминација. Во овие земји се регистрираат само спорадични случаи и тоа кај постарите возрасни групи на населението.

Во периодот 1945-2013 (година во Република Македонија вкупно се регистрирани 1219 заболени од тетанус, од кои 522 се со смртен исход. Просечниот морбидитет за овој период е 1,4%, морталитетот 0,67%, а леталитетот изнесува 42,8%.

Тетанусот во Р. Македонија веќе не представува епидемиолошки проблем во однос на инциденцијата, за што најмногу допринесе задолжителната имунизација. За оваа состојба значаен е доприносот и на комплетната примарна здравствена заштита и на другите чинители кои произлегуваат од соодветното ниво на општествено-економскиот развој. Имунизацијата против тетанус во Република Македонија се спроведува од 1952 година. Како вкупниот тетанус, така и неонаталниот тетанус (НТ), во однос на морбидитетот, веќе не претставува епидемиолошки проблем за Република Македонија. Во 1990, 2000, 2003, 2007-2009, 2011 и 2013 година не се регистрирани заболени од тетанус, а во останатите години, со исклучок на 1993 година (со тројца заболени), се регистрираат по едно до две заболувања годишно. Последен случај на НТ е регистриран во 1993 година. За одржување на поволната епидемиолошка состојба во однос на тетанусот потребно е континуирано одржување на оптимален имунолошкиот статус на населението, кој се обезбедува со рационална имунопрофилакса.





Предложени истражувања

Дефинирајте ги целите и опишете ги детално планираните истражувања, со посебен осврт на предностите на користената методологија и стражувачкиот план со временска рамка (најмногу 3 страници)


Цели на проектот: основна цел на на овој проект е да се осовремени имунопро филаксата на тетанусот кај населението на Република Македонија. За постигнување на оваа цел потребно е да се создадат соодветни предуслови, релевантни факти и заклучоци кои произлегуваат од:

евалуацијата на вакциналниот и имунолошкиот статус статус во однос на тетанусот кај населението на Република Македонија; евалуацијата на имуниот одговор по давањето на одделни, дози на антитетанусна вакцина; согледувањето на епидемиолошките карактеристики на тетанусот во Република Македонија; можноста да се применува методата на класична ЕЛИСА; можноста да се направи модификација и/или адаптација на брза, скрининг метода за ин витро одредување на вредностите на тетанусниот антитоксин.

За евалуација на имунолошкиот статус во однос на тетанусот ќе биде користена студијата на пресек (cross sectional study), a за комплетна реализацијата на поставените цели ќе биде направена и дескриптивна епидемиолошка студија за проучувањето на епидемиолошките карактеристики на тетанусот во Република Македонија, во периодот 1945-2014 година.

Испитаници:

Во истражувањето ќе бидат вклучени испитаници од Армијата на Република Македонија како цивилно население од урбана и рурална средина на различна возраст. За подетално утврдување на разликите меѓу имунолошкиот статус кај различни испитаници, врз основа на висината на титарот на антитела во серумот истите ќе бидат поделени во групи по однос на возраст, работниот стаж, повредите на работно место, професијата и сл. Кај сите испитаници ќе се одредува вакциналниот и имунолошкиот статус. Сите испитаници ќе бидат анкетирани според однапред подготвена анкета, како извор на однапред добиени информации заради нивно групирање и понатамошна евалуација.

На почетокот сите испитаници ќе бидат информирани за целите на студијата и начинот на испитувањето. Во студијата ќе бидат вклучени само тие кои доброволно се согласуваат да дадат крв за серолошко испитување, податоци за вакциналниот статус и други податоци од интерес на ова истражување. Анонимноста на испитаниците ќе биде загарантирана со тоа што епидемиолошките анкети и серумите ќе бидат шифрирани на самиот почеток, веднаш по земањето на крвта.

Вкупно ќе бидат вклучени 300 испитаници, кои ќе бидат поделени на групи, професионални војници, активни воени лица и цивилно население на различна возраст и со различен вакцинален статус во однос на тетанусот.

Ќе бидат анализирани 300 примероци на серум од венска крв. За секој испитаник ќе биде направена епидемиолошка анкета, во која меѓу останатото, задолжително ќе бидат евидентирани и податоците комплетната имунопрофилакса на тетанусот.

За одредување на имунолошкиот статус на испитаници, како и за непосредно следење на поствакциналниот имунитет, ќе се користи методата на класична ЕЛИСА, а ќе се направи модификација и/или адаптација на брза, скрининг метода за ин витро одредување на вредностите на тетанусниот антитоксин, која ќе се применува за рационална пост-експозиционната имунопрофилакса на тетанусот.



Методи

Во ова епидемиолошко истражување и потврдување на имунолошкиот статус насите испитаници, како и за непосредно следење на поствакциналниот имунитет, ќе се користи методата на класична ЕЛИСА со која ќе се определува концентрацијата на антитетанусните ИгГ антитела во испитуваните серуми. Интерните контроли на техниката и доследноста при нејзиното изведување, ќе придонесат за повисока осетливост, специфичност и репродуктибилност на тестот. Воедно ќе бидат опфатени многу ниски и многу високи серумски концентрации на антителата, што е предвидено и во самата методологија на работа.



а) Лабораториски анализи

Лабораториско испитување на серумите ќе биде направено во Бохемиската лабораторија на Факултетот за медицински науки како и во Научно истражувачкиот центар на УГД.



ЕЛИСА - (Enzyme linked immunosorbent assay) - е современа имуно-ензимска метода. Се употребува за детектирање на присуството на антигени или антитела, во биолошки материјал, најчесто во серум. Припаѓа во групата на ензимо-имунолошки методи кои се карактеризираат со голема сензитивност и специфичност. Оваа метода iма широк спектар на примена во дијагностиката, пред сî во клиничката имунологија. Нејзиното дијагностичко поле, особено се проширува со откривањето и со примената на моноклоналните антитела. Поради сигурноста, едноставноста и економичноста, ЕЛИСА методата се сугерира како алтернатива на ТН тест. Во секојдневната лабораториска практика многу често се применува индиректниот тип на ЕЛИСА методата. За брза детекција и квантифицирање на тетанусните антитела се користат повеќе скрининг методи.

б) Статистичка обработка на податоците

Податоците од направените истражувања ќе бидат систематизирани, а за нивно визуелно прикажување ќе бидат изготвени табели, графикони и картограми. Воедно над истите податоци ќе биде извршена дескриптивна и корелациона статистичка анализа. Сите резултати кои ќе бидат добиени од ова истражување статистички ќе бидат обработени со помош на соодветни статистички тестови.


4. Очекувани резултати и нивна примена: Очекуваме да биде прецизно измерен титарот на антитела во однос на тетанусот, со помош на методата на класична ЕЛИСА, и со адаптирана, скрининг метода.

Со евалуацијата на добиените податоци ќе може да се утврди успешноста на вакцинирањето против тетанус и имунолошкиот статус во однос на тетанусот кај повредените лица. Со оваа можност ќе се создадат соодветни предуслови, за максимална рационализација на постекспозиционната имунопрофилакса на тетанусот, од стручно-медицински и економски аспект. Со релевантните информации за имунолошкиот статус, ќе се избегнуваат евентуалните хипер или хипо имунизација кои се последица на постекспозиционната имунопрофилакса на „слепо“).



Дисеминација на знаења:

Добиените резултати и заклучоци од испитувањата на предвидениот проект ќе им биде од корист во секојдневната практика на лекарите од примарната здравствена заштита и специјалистите од хируршките гранки, во случаите кога треба да се применува пост-експозиционна имунопрофилакса на тетаногени повреди. Заклучоци од испитувањата на предвидениот проект ќе им биде од корист и на младите научни истражувачи од различни области на медицината и стоматологијата.



6. Временска рамка на истражувањата
Планирано е предложеното истражување да трае две години, а активностите ќе бидат распределени на следниот начин:
Прва истражувачка година

а) Прво тромесечје
Организација и координација на целиот истражувачки тим вклучен во проектот. Распределба на активностите на сите учесници во проектот

Пребарување и споредување со слични вакви истражувања во кој е применет микронуклеусниот тест.

Дефинирање на потребите од набавка на потрошен материјал и реагенси.

б) Второ тромесечје
Набавка на неопходниот потрошен материјал и реагенси.

Целосна организација и стандардизација на сите неопходни услови и апаратура во лабораторијата каде ќе се работат анализите.


в) Трето тромесечје
Координација со сите испитаници, цивилно население и војници.

Пополнување на изјави за доброволно вклучување во проектот и пополнување на анкетен прашалник.

Сумирање на сите анкетни листови и нивна правилна документација и сепарирање.
г) Четврто тромесечје
Земање на крв за анализа од сите испитаници - војници и нивна биохемиска обработка.
Втора истражувачка година
а) Прво тромесечје
Земање на крв за анализа од сите испитаници како цивилно население и нивна биохемиска обработка.
б) Второ тромесечје
Сумирање на сите резултати и нивна статистичка обработка.

Анализа на конечните резултати.

Подготовка на резултатите за публикување.

в) Втора половина од годината

Презентација на резултатите од Проектот на домашни и меѓународни конференции.

Подготовка на завршен извештај од Проектот.



Details of the proposal:


Introduction

A detailed description of the current knowledge on the subject of research (maximum 1 page)


Тetanus disease is currently expanded worldwide due to the widespread and high resistance to the cause of the disease, severe clinical picture and high lethality. Global problem solving this deadly disease as the prevention of diseases. Therefore, you need constant updating of prevention of diseases especially in the Immune. This statement is emphasized by the fact that nowadays there are opportunities for complete eradication of tetanus.

Mandatory immunization against tetanus contribute to rapidly reducing its incidence in countries where it is applied.

So in Europe, the US and other countries with developed health service tetanus before complete elimination. In these countries register only sporadic cases and in older age groups of the population.

In the period 1945-2013 (in Macedonia total registered in 1219 suffering from tetanus, of which 522 are fatal. The average morbidity for this period was 1.4%, 0.67% mortality and case fatality was 42.8% .

Tetanus in R. Macedonia is no longer presents epidemiological problem in terms of incidence, which contribute most compulsory immunization. For this condition is an important contribution and the complete primary health care and other factors arising from the appropriate level of socio-economic development. Immunization against tetanus in the country is carried out in 1952. As the total tetanus and neonatal tetanus (NT), in terms of morbidity, longer an epidemiological problem for the Republic of Macedonia.

In 1990, 2000, 2003, 2007-2009, 2011 and 2013 are not registered suffering from tetanus, and in other years, except for 1993 (in three patients), register one or two diseases annually. The last case of HT registered in 1993. To maintain the favorable epidemiological situation regarding tetanus requires continuous maintenance of optimal immune status of the population, which is provided with rational immunoprophylaxis




Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет