До Министерството за образование и наука Скоп ј е



жүктеу 23.18 Kb.
Дата07.02.2019
өлшемі23.18 Kb.
түріЗакон


До

Министерството за образование и наука

С к о п ј е

Предмет: Информација и барање за преземање мерки

Народниот правобранител по повод поплаки од родители и врз основа на сознанија добиени преку средствата за јавно информирање оцени дека е неопходно преземање мерки во врска со воведувањето на верското образование во училиштата.

Имено, со новиот Закон за основното образование, е предвидена можност за верско образование во основното образование како изборен предмет. Притоа во Законот не е предвидено кои предмети ќе го опфаќаат верското образование, туку според програмите на Бирото за развој на образованието тоа би биле два изборни предмети.

Инаку, согласно поранешниот Закон за основното образование, во август родителите на децата од основните училишта пополниле прашалник во кој се изјасниле кој предмет децата сакаат да го изучуваат. Меѓутоа согласно новиот закон во септември родителите повторно пополнувале прашалник за истото прашање. Според изјавите на родителите од страна на училиштата им бил вршен притисок да го одберат предметот веронаука наместо предметот запознавање со религиите и воедно биле информирани дека доколку мнозинството родители се изјаснат за одреден предмет сите деца ќе го изучуваат тој предмет, со што всушност не е дадена можност за избор и не се почитува волјата на децата и на родителите.

Согласно член 19 од Уставот на Република Македонија, на секој граѓанин му се гарантира слободата на вероисповед.

Според член 14 од Конвенцијата за правата на детето, детето има право слободно да го изразува своето мислење, совест и вероисповед. Слободата на манифестирање на веросиповедта или на убедувањето може да потпаѓа само под оние ограничувања што се пропишани со закон и што се неопходни за заштита на јавноста, сигурноста, редот, здравјето, моралот или основните човекови права и слободи на другите.

Согласно наведените одредби од Уставот и Конвенцијата, децата имаат право слободно да се изјаснат во врска со веросисповедта или убедувањето, а согласно Законот можат да одлучат и за верско образование во основното училиште, но само како изборен предмет. Изборноста претпоставува почитување на мислењето и волјата на децата и на нивните родители, па поради тоа треба да им се даде можност сами да одлучат дали ќе посетуваат верско образование и доколку се одлучат треба да им се даде можност за избор и притоа да се почитува нивната волја, а не да се принудуваат да изучуваат само еден предмет или да го изучуваат предметот што го избрало мнозинството иако не се согласуваат со тој избор. Во ваков случај се повредува правото на слободно мислење на децата, слободата на веросисповедта и правото на избор.



Со оглед на тоа, а со цел да се заштитат децата од разни манипулации и злоупотреби и да се создадат услови за остварување на правата и слободите на децата, како и практично спроведување на законската регулатива согласно интересите и волјата на децата, Народниот правобранител предлага Министерството за образование и наука да ги преземе сите можни мерки за доследно почитување на слободата на веросиповед и за правилна и доследна примена на законската регулатива, како и да се создадат услови за слободен избор на предмет преку кој децата ќе го остваруваат верското образование.

За преземените мерки, согласно член 24 од Законот за народниот правобранител, Народниот правобранител да биде известен најдоцна во рок од осум дена од денот на добивањето на оваа информација.


Достарыңызбен бөлісу:


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет