[меморандум на договорниот орган]



жүктеу 434.65 Kb.
бет2/3
Дата07.02.2019
өлшемі434.65 Kb.
1   2   3

ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
ДЕЛ 1 - НАБАВКА НА ЛИЦЕНЦИ ЗА АНТИВИРУСНА ЗАШТИТА
Набавка и инсталација на повеќеслојна антивирусна заштита со вклучени лиценци за минимум 150 работни станици за следните типови на серверски и клиентски станици:

  • клиентски лиценци за минимум 130 работни станици со минимум Windows 7, 8, 8.1 и 10 (минимум 100 работни станици со Windows 10, минимум 5 работни станици со Windows 8.1, минимум 5 работни станици со Windows 8, минимум 20 работни станици со Windows 7)

  • Серверски лиценци за минимум 16 работни станици со минимум Windows Server 2008 , 2012 (минимум 12 работни станици со Windows Server 2012, минимум 4 работни станици со Windows Server 2008)

  • mail security – минимум 2 работни станици со минимум Microsoft Exchange Server 2013

  • минимум 1 работна станица со минимум Microsoft SharePoint 2013

  • минимум 1 работна станица со минимум Microsoft SQL 2012

Софтверот треба да обезбеди високо ниво на проактивна заштита минимум од :



  • вируси,

  • worms,

  • Trojan horses,

  • spyware,

  • malware

  • crypto locker - ransom ware

  • adware,

  • root kits,

  • zero-days напади

да нуди минимум:



  • Интеграција со Active Directory,

  • Device control,

  • Application control,

  • Deep packet inspection.


Централизирано управување минимум:

  • Централизирано управување од единствена конзола над антивирусот, клиентскиот firewall, application control

  • Централизирано управување над Windows компјутери од единствена конзола

  • Управување над web базирани карантини

  • Можност за далечинско отстранување на пречки од централната конзола за управување

  • Можност за креирање на детални извештаи


Како доказ за исполнување на горенаведените карактеристики да се приложат и линкови до оригинални брошури или презентации поврзани со понуденото решение.
Услови

Инсталација на антивирусен софтвер на сите сервери и клиенти. На дел од серверите се поставени критични апликации кои не смеат да имаат downtime, па инсталацијата би се имплементирала надвор од работно време т.е. после 17 часот. Носителот на набавката треба да ги предвиди сите подесувања (правила и исклучоци) на софтверот за да апликациите и сервисите кои ги користи Државниот завод за ревизија продолжат непречено да функционираат.


Носителот на набавката е должен да изврши целосна инсталација на понуденото решение, и тоа на:

  • сите клиентски инсталации,

  • сите сервери,

  • сите агенти,

  • софтверот за централно управување со антивирусните инсталации,

  • сите серверски и клиентски подесувања, политики, извештаи и функционалности.

Обука на двајца вработени за користење и понатамошно одржување и поддршка за антивирусниот пакет.


Државниот завод за ревизија, во овој момент поседува Symantec Endpoint Protection софтверски лиценци – како решение за антивирусна повеќеслојна заштита, чијшто Symantec Basic Maintenance (како поддршка од страна на производителот) истекува на 31.05.2017.

Доколку станува збор за друго софтверско решение (различно од тековно инсталираното решение во инфраструктурата на Државниот завод за ревизија) кои ги исполнува условите од техничките спецификации, носителот на набавката е должен да го деинсталира тековниот софтвер од сите работни станици и сервери и да го инсталира новиот софтвер на сите работни станици и сервери на локација на Државниот завод за ревизија. По инсталација на софтверот носителот на набавката доставува детален извештај до Државниот завод за ревизија.


Како дел од понуденото софтверско решение, понудувачите потребно е да вклучат и поддршка за решението од страна на производителот за целото времетраење на договорот, која би вклучувала минимум:

  • нови верзии на понуденото решение.

  • бесплатни ’program upgrades’ и ’program patches’.

  • вклучена основна поддршка од страна на производителот на софтверот (право на надградби, закрпи, нови верзии и основна on-line техничка поддршка).

За полесно управување со решението, истото треба да биде лиценциран интегриран софтверски пакет, а за сите софтверски лиценци треба да се понудат соодветни инсталациски медиуми и/или пристап до заштитен сајт од производителот за on-line преземање на инсталациите.


Потребно е понуденото решение/софтвер да е на листа на докажани и признаени софтвери од независни истражувачки куќи во светот кои се занимаваат со оваа проблематика, со приложување на соодветен линк.

(https://www.gartner.com/doc/reprints?id=1-2XU816T&ct=160203 или еквивалентен)


Носителот на набавката е должен во својата понуда да предвиди и минимум 60 часа, во период од времетраење на договорот, за локална професионална техничка поддршка во случај на настанати проблеми (по пријава на договорниот орган) поврзани со понуденото решение. Времето на достапност на сервисот за техничка поддршка треба да биде секој работен ден од 08-17 часот. Од страна на Државниот завод за ревизија ќе биде овозможена и VPN врска за пристап доколку има потреба. Државниот завод за ревизија располага со 1 локација.
По склучување на договорот, Државниот завод за ревизија ќе достави барање за инсталирање на антивирусниот софтвер и активација на лиценците по што носителот на набавка ќе биде должен да ја изврши инсталацијата во рок од 5 работни дена од денот на добивање на барањето.

Доколку понудата отстапува од минималните барања содржани во оваа техничка спецификација, истата ќе се смета за неприфатлива и ќе биде отфрлена од страна на комисијата за јавни набавки.

ДЕЛ 2 - НАБАВКА НА ЛИЦЕНЦИ ЗА BACKUP ЗАШТИТА

Економскиот оператор треба да понуди решение за Backup, со трајни лиценци како и со вкалкулирано одржување и надградба од нови верзии за период на времетраење на договорот.


ДЗР има имплементирано решение за правење сигурносни копии Symantec Backup Exec 15 V-Ray edition со 4 (четири) трајни лиценци серверски лиценци и Symantec System Recovery 2013 R2 за 130 работни станици.

Доколку станува збор за друго софтверско решение (различно од тековно инсталираното решение во инфраструктурата на Државниот завод за ревизија) кое ги исполнува условите од техничките спецификации, носителот на набавката е должен да го деинсталира тековниот софтвер од сите работни станици и сервери и да го инсталира новиот софтвер на сите работни станици и сервери. По инсталација на софтверот носителот на набавката доставува детален извештај до Државниот завод за ревизија.


Економскиот оператор треба да изготви предлог решение за backup на целокупната серверска ИТ структурата на ДЗР.
Решението треба да обезбеди backup на следните продукти: минимум Active Directory, MS Exchange 2013, Windows Server 2012, Windows Server 2008, MS SQL server 2012 и 2008, MS SharePoint 2013 како и на Windows оперативни системи и податоци на минимум 130 работни станици.
Треба да се има во предвид дека ДЗР има 9 (девет) физички сервери (на дел од нив работат виртуелните сервери), поврзани со SAN уредите и виртуелната околина, со обезбедена редундантност на системот.
Решението треба да врши backup на целокупната серверска инфраструктура (виртуелна и физичка). Решението треба да биде инсталирано на посебен физички сервер.
Економскиот оператор треба да понуди дедупликација која ефикасно ќе го користи дисковиот простор доделен на бекап серверот за складирање на бекапираните податоци.
Можности за брзо и сигурно податочно и системско реставрирање вклучувајќи и поединечни датотеки и фолдери или цели оперативни системи на ист или различен хардвер или пак во виртуелна околина.
Решението треба да понуди агенти за бекап кои ќе можат да вршат т.н. "application aware backup" и грануларно реставрирање на податоците од апликативните решенија: минимум Active Directory, MS SQL Server 2012 и 2008, MS Exchange server 2013, File серверите и MS SharePoint 2013.
Решението да овозможува снимање на копијата на еден од SAN уредите како и на надворешни мемориски уреди (USB хард дискови и NAS уреди).
Решението треба да овозможи грануларно реставрирање на фајлови и фолдери од бекапи на иста или друга локација.
Снимањето да може да биде на ниво на цел виртуелен сервер како и на ниво на дневни инкременти (промени).
Потребно е понуденото решение/софтвер да е на листа на докажани и признаени софтвери од независни истражувачки куќи во светот кои се занимаваат со оваа проблематика, со приложување на соодветен линк.

(https://www.gartner.com/doc/reprints?id=1-38Z8E64&ct=160607&st=sb или еквивалентен)


Како дел од понуденото софтверско решение, понудувачите потребно е да вклучат и поддршка за решението од страна на производителот за целото времетраење на договорот, која би вклучувала минимум:

  • нови верзии на понуденото решение.

  • бесплатни ’program upgrades’ и ’program patches’.

  • вклучена основна поддршка од страна на производителот на софтверот (право на надградби, закрпи, нови верзии и основна on-line техничка поддршка).

Носителот на набавката е должен во својата понуда да предвиди и минимум 60 часа, во период на времетраење на договорот, за локална професионална техничка поддршка во случај на настанати проблеми (по пријава на договорниот орган) поврзани со понуденото решение.


Носителот на набавката е должен да обезбеди имплементација на решението, да обезбеди упатства за користење, како и обука за додавање и менување на ресурси за администрирање, за backup и за поврат на податоци, за 2 вработени.

Прилог 1- Модел на договор (Дел 1)
Д О Г О В О Р

набавка на лиценци за антивирусна заштита



  1. ДОГОВОРНИ СТРАНИ


1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, со седиште во _______________ на ул.__________, бр.____, со ЕМБС ______________, претставуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор /во понатамошниот текст: Договорен орган/
2. _____________________________, со седиште на ул. ___________________, бр. ____, со ЕМБС_______ застапувано од _____________________________ /во понатамошниот текст: Носител на набавка/



  1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

член 1

Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Договорниот орган и Носителот на набавката во врска со набавка на лиценци за антивирусна заштита (Дел 1), за период од 2 години, за потребите на Договорниот орган по вид, карактеристики и количини согласно техничката спецификација и понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција кои се составен дел на овој Договор, кои Носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги преземе и плати во согласност со одредбите на овој Договор.




  1. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

член 2

Вкупната вредност на овој договор, изнесува ___________ денари со вкалкулиран ДДВ, односно _________ денари и износ за ДДВ од __________ денари по цени за видот и количините, согласно понудата во прилог на овој Договор.

Во вкупната цена е пресметан ДДВ, царина и сите други давачки.

Вредноста на договорот од овој член е непроменлива до негова целосна реализација.




  1. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

член 3

Начинот на плаќање е вирмански, на две еднакви годишни рати (2017 и 2018 година), во рок од 60 дена по приемот на фактурата и потпишана испратница од двете договорни страни.

Должничко доверителскиот однос настанува со денот на испораката.


  1. РОК НА ИСПОРАКА

член 4

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го извршува во рок од 5 работни дена од денот на доставување на барањето за инсталирање на софтверот и активација на лиценците.




  1. КВАЛИТЕТ

член 5

Носителот на набавката се обврзува да го испорача предметот на овој Договор согласно утврдениот квалитет на декларираните производители на производите согласно член 1 на овој Договор, во спротивно истите ќе бидат вратени на сметка на Носителот на набавката.

Квалитативен и квантитативен прием врши Договорниот орган со записник за технички прием, потпишан од двете договорни страни.


  1. ГАРАНТЕН ПЕРИОД

член 6

Периодот за кој Носителот на набавката  гарантира за функционалноста на предметот на договорот, како и неговото одржување изнесува 2 (две) години, согласно понудата и техничката спецификација сметано од денот на испораката.

Носителот на набавката дава гаранција дека е обезбедено бесплатно обновување на базите на антивирус програмот за времетраење од најмалку две години по извршената инсталација.

Гарантниот период почнува да тече од денот на испораката на предметот на набавката од Носителот на набавката на Договорниот орган.




  1. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

член 7

Доколку во текот на приемот на предметот на набавка од член 1 од овој Договор се утврди дека не одговара на утврдениот вид и количина, Носителот на набавката се обврзува истите да ги замени со соодветни во рок од 5 дена. Во спротивно Договорниот орган има право на раскинување на овој Договор.


член 8

За доцнење на договорените рокови, Носителот на набавката се обврзува да му плати на Договорниот орган надомест на штета во висина од 0,5% од вредноста на производите за секој ден доцнење, сметано од првиот ден на доцнење. Вкупниот износ на казнените пенали не може да премине 10% од вкупната вредност на Договорот.

Доколку до доцнење дојде по вина на Договорниот орган, надомест на штета нема да се применува.


  1. ВИША СИЛА

член 9

Договорните страни се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за загуба, штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор, кои се предизвикани со дејство на виша сила.

Под виша сила се подразбира она што е регулирано со Законот за облигациони односи.

Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна во случај на настапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.




  1. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

член 10

Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.

Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска на начин како што е определено со одредбите од овој договор, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска во определениот рок, другата страна, писмено ќе побара исполнување на обврската и ќе остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.

Ако договорната страна не ја исполнила својата обврска ниту во определениот рок, ниту во дополнителниот примерен рок, другата договорна страна може да го раскине договорот и има право да бара надомест на штетата.


член 11

Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата страна без одлагање и во писмена форма.


член 12

Сите евентуални недоразбирања кои можат да произлезат од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено во духот на добрите деловни обичаи и со меѓусебно договарање, а во случај на спор кој не може да се реши спогодбено, за истиот за надлежен се определува надлежниот суд во Скопје.




  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 13

Овој Договор се смета за склучен и стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала во случај кога договорот не е потпишан во истиот ден од двете договорни страни и важи до неговото целосно извршување.


член 14

За се што не е пропишано со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи и другите важечки прописи во Република Македонија кои имаат примена.


член 15

Овој Договор е изработен во 4 /четири/ еднообразни примероци од кои по 2 /два/ за Договорниот орган и 2 /два/ за Носителот на набавката.


ДОГОВОРЕН ОРГАН НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ______________________________
Главен државен ревизор __________________________

м–р Тања Таневска (Одговорно лице)

______________________________


Прилог 2- Модел на договор (Дел 2)
Д О Г О В О Р

набавка на лиценци за backup заштита



  1. ДОГОВОРНИ СТРАНИ


1. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА Скопје, со седиште во _______________ на ул.__________, бр.____, со ЕМБС ______________, претставуван од м-р Тања Таневска, главен државен ревизор /во понатамошниот текст: Договорен орган/
2. _____________________________, со седиште на ул. ___________________, бр. ____, со ЕМБС_______ застапувано од _____________________________ /во понатамошниот текст: Носител на набавка/



  1. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

член 1

Со овој договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Договорниот орган и Носителот на набавката во врска со набавка на лиценци за backup заштита (Дел 2), за период од 2 години, за потребите на Договорниот орган по вид, карактеристики и количини согласно техничката спецификација и понудата на Носителот на набавката доставена по спроведената електронска аукција кои се составен дел на овој Договор, кои Носителот на набавката се обврзува да ги испорача, а Договорниот орган да ги преземе и плати во согласност со одредбите на овој Договор.




  1. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

член 2

Вкупната вредност на овој договор, изнесува ___________ денари со вкалкулиран ДДВ, односно _________ денари и износ за ДДВ од __________ денари по цени за видот и количините, согласно понудата во прилог на овој Договор.

Во вкупната цена е пресметан ДДВ, царина и сите други давачки.

Вредноста на договорот од овој член е непроменлива до негова целосна реализација.




  1. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

член 3

Начинот на плаќање е вирмански, на две еднакви годишни рати (2017 и 2018 година), во рок од 60 дена по приемот на фактурата и потпишана испратница од двете договорни страни.

Должничко доверителскиот однос настанува со денот на испораката.


  1. РОК НА ИСПОРАКА

член 4

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го извршува во рок од 5 работни дена од денот на доставување на барањето за инсталирање на софтверот и активација на лиценците.




  1. КВАЛИТЕТ

член 5

Носителот на набавката се обврзува да го испорача предметот на овој Договор согласно утврдениот квалитет на декларираните производители на производите согласно член 1 на овој Договор, во спротивно истите ќе бидат вратени на сметка на Носителот на набавката.

Квалитативен и квантитативен прием врши Договорниот орган со записник за технички прием, потпишан од двете договорни страни.


  1. ГАРАНТЕН ПЕРИОД

член 6

Периодот за кој Носителот на набавката  гарантира за функционалноста на предметот на договорот, како и неговото одржување изнесува 2 (две) години, согласно понудата и техничката спецификација сметано од денот на испораката.

Гарантниот период почнува да тече од денот на испораката на предметот на набавката од Носителот на набавката на Договорниот орган.


  1. НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

член 7

Доколку во текот на приемот на предметот на набавка од член 1 од овој Договор се утврди дека не одговара на утврдениот вид и количина, Носителот на набавката се обврзува истите да ги замени со соодветни во рок од 5 дена. Во спротивно Договорниот орган има право на раскинување на овој Договор.


член 8

За доцнење на договорените рокови, Носителот на набавката се обврзува да му плати на Договорниот орган надомест на штета во висина од 0,5% од вредноста на производите за секој ден доцнење, сметано од првиот ден на доцнење. Вкупниот износ на казнените пенали не може да премине 10% од вкупната вредност на Договорот.

Доколку до доцнење дојде по вина на Договорниот орган, надомест на штета нема да се применува.


  1. ВИША СИЛА

член 9

Договорните страни се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон другата за загуба, штета, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор, кои се предизвикани со дејство на виша сила.

Под виша сила се подразбира она што е регулирано со Законот за облигациони односи.

Договорните страни се обврзуваат писмено да ја известат другата договорна страна во случај на настапување на виша сила во дејство и ќе договорат нови услови за исполнување или раскинување на Договорот.




  1. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

член 10

Договорните страни се согласни да ги применат највисоките стандарди за етичко и законито однесување за време на реализација на овој Договор.

Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска на начин како што е определено со одредбите од овој договор, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската. Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска во определениот рок, другата страна, писмено ќе побара исполнување на обврската и ќе остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.

Ако договорната страна не ја исполнила својата обврска ниту во определениот рок, ниту во дополнителниот примерен рок, другата договорна страна може да го раскине договорот и има право да бара надомест на штетата.


член 11

Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата страна без одлагање и во писмена форма.


член 12

Сите евентуални недоразбирања кои можат да произлезат од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено во духот на добрите деловни обичаи и со меѓусебно договарање, а во случај на спор кој не може да се реши спогодбено, за истиот за надлежен се определува надлежниот суд во Скопје.




  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 13

Овој Договор се смета за склучен и стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни, односно на денот кога е потпишан од договорната страна која последна го потпишала во случај кога договорот не е потпишан во истиот ден од двете договорни страни и важи до неговото целосно извршување.


член 14

За се што не е пропишано со овој Договор, ќе се применува Законот за облигациони односи и другите важечки прописи во Република Македонија кои имаат примена.


Каталог: Uploads
Uploads -> Английские слова и выражения в оригинальном написании a horse! a horse! MY KINGDOM FOR a horse! англ букв. «Коня! Коня! Мое царство за коня!»
Uploads -> Викторина по пьесе В. Шекспира «Гамлет, принц Датский»
Uploads -> Қазақстан Республикасы Қорғаныс министрінің 2016 жылғы 22 қаңтардағы №35 бұйрығымен бекітілген тиісті деңгейдегі білім беру бағдарламаларын іске асыратын Қазақстан
Uploads -> 2018 жылға арналған Жарқайың ауданы бойынша айтақты және естелік күнтізбесі 24 маусым
Uploads -> Ақмола оато үшін есікті қайта сатып алуды жүзеге асыру туралы хабарландыру 2016 жылғы 11 қазан Астана қ. Тапсырыс берушінің атауы мен пошталық мекенжайы «Ұлттық ақпараттық технологиялар»
Uploads -> «Қостанай қаласы әкімдігінің білім бөлімі»


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет