Стратегија за Локален Економски Развој



жүктеу 1.44 Mb.
бет1/21
Дата16.04.2019
өлшемі1.44 Mb.
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   21

Стратегија за Локален Економски Развој на општина Кисела Вода 2010 – 2013








Стратегија за Локален Економски Развој

На Општина Кисела Вода

2009 – 2013










Декември, 2009


Стратегија за Локален Економски Развој

На Општина Кисела Вода

2009 – 2013

Сите прашања во врска со Стратегијата за локален економски развој на Општина Кисела Вода, Ве молиме да ги упатите на адреса:
Сектор за локален економски развој на Општина Кисела Вода:

Ул. “Првомајска“ бб

Тел: +389 2 2785 428

Факс: +389 2 2770 210

e-mail: contact@kiselavoda.gov.mk

web: www.kiselavoda.gov.mk
Содржина:

Листа на кратенки 4

Листа на табели 5

Листа на слики 6

Предговор од Градоначалникот на општина Кисела Вода, г-дин Марјан Ѓорчев 6

Осврт на авторите кон Стратегијата за Локален Економски Развој на општина Кисела Вода 2009 – 2013 7

1. Вовед 9

2. Профил на општина Кисела Вода 11

3. Применета методологија 26

4. Проценка на културните вредности на Скопски статистички регион 28

Проценка на културните вредности
Скопски статистички регион 28


Дел 1 31

Дел 2 44

5. СВОТ анализа на стратешките области 60

6. Програми за локален економски развој; 86

ПРИЛОЗИ 111


Листа на кратенки


ГУП - Генерален урбанистичкии план

ДУП – Детален урбанистички план

ЕУ – Европска Унија

ЛЕАП – Локален Еколошки Акционен План

ЛЕР – Локален Економски Развој

МЗ – Месна Заедница

МЗШВ – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ИПА – Инструмент за предпристапна помош

ИПАРД - Инструмент за предпристапна помош на земјоделството и руралниот развој

МСП – Мали и Средни Претријатија

ОУ – Основно Училиште

СВОТ – СВОТ (Strengths, Weaknesses, Opportunities and Threats)1


Листа на табели




Табела 1. Површина на општина Кисела Вода 15

Табела 2: Структура на образование 19

Табела 3: Структура по активност 19

Табела 4: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Урбанизам, просторно планирање и инфраструктура 61

Табела 5: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 63

Табела 6: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Економија – МСП, Индустрија, Иновации 64

Табела 7: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 66

Табела 8: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Земјоделство и рурален развој 67

Табела 9: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 69

Табела 10: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Човечки капитал, едукација, доживотно учење, здравство, социјална заштита, демографска ревитализација 71

Табела 11: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 73

Табела 12: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Заштита на животната средина 73

Табела 13: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 76

Табела 14: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Развој на туризмот и искористување на културно – историското наследство 77

Табела 15: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 79

Табела 16: СВОТ анализа за стратешката опбласт – Спорт и Култура 80

Табела 17: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 81

Табела 18: СВОТ анализа за Стратешка област - Искористување на достапните фондови од ИПА Инструмент 84

Табела 19: Предлог мерки за решавање и надминување на постоечките состојби 85



Листа на слики




Слика 1. Структура на стратегијата 10

Слика 2. Површина на општина Кисела Вода 15

Слика 3. Организациона пставеност на општинската админситрација 25


Предговор од Градоначалникот на општина Кисела Вода, г-дин Марјан Ѓорчев


Почитувани,

Општина Кисела Вода. Природна творба на општествено-економскиот развој. Врв на граѓанска демократија во даден простор и време. Граѓаните сами решаваат кој облик на демократија ќе го применат. Непосреден облик на демократија (граѓански иницијативи, собири на граѓани,референдум...) или посреден облик на демократија, кога градоначалникот и членовите на општинскиот совет ги застапуваат граѓаните пред централната власт.

Нашата општина е средиште на циркулацијата од мноштво идеи на граѓаните за похумано и подобро задоволување на нивните потреби. Простор каде што формалните демократски начела се трансформираат во реална власт на народот. Потребна е само правилна артикулација на народниот интерес. За тоа е задолжена општинската администрација.

Да се биде член на општинската локална самоуправа е двојна обврска. Најпрво,човечка.Таа обврска е борба со нашата совест. А потоа и граѓанска обврска. Тоа е наша обврска како општествени битиа. Потребно е да изградиме нов вредносен систем, фундиран низ хармонично содејство на традицијата,праведноста,совесноста,човечноста...

Што е во суштина општина Кисела Вода?! Тоа не е само единица на локалната самоуправа,туку и човечка заедница. Граѓаните во нашата општина се соседи, станари во иста зграда, жители од исто маало.., Општината е нашиот двор, нашата улица, нашето спортско и културно друштво. Најголем дел од нашите животи го поминуваме во општината. Тука се раѓаме и умираме. Се социјализираме и образуваме. Се здобиваме со навики, пријатели, обичаи.Во општината секојдневно разрешуваме најголем дел од нашите животни проблеми.

Во 21-то столегие од огромно значење е стратешката димензија на општината. Вообичаеното темпо на современиот живот е сите луѓе да итаат некаде. Краткорочноста ги оптеретува луѓето, Стратегија е нешто сосема друго. Патоказ кон иднината, надеж за наше натамошно животно надградување. Тоа е заеднички поглед на сите жители на нашата општина некаде далеку напред. Стратегија е наша визија поткрепена со реални можности. А можностите се секогаш стремеж кон неограничени решенија.

Конечно, стратешките решенија за локален економски развој на Општина Кисела Вода 2009-2013-та година, ги обезбедуваат претпоставките за обнова и успех во сите домени на животот, за кои што е одговорна општинската администрација.

Предизвикот со кој се соочуваат и општинските органи и граѓаните на Кисела Вода е огромен. Пораст на општествена маргинализација на голем број граѓани од нашата општина. Безработица, малолетничка деликвенција, расте бројот на зависници од опојни дроги... Потребна е трпеливост во нашата работа. Трпеливоста може да ја постигнеме со долготрајна смиреност во нашите работни активности и краткотрајна радост од постигнатите успеси. Неуспесите не смеат да не разочараат. За секоја сторена грешка,треба да побараме прошка од граѓаните. Општината може да згреши, ама никогаш не смее да ги лаже граѓаните. Најважно од се е, да црпиме сознанија од претходните општински управи. Да ги приопштиме сите добри постапки, а истовремено да спречиме повторување на грешките од минатото. Во нашата работа треба да се однесуваме систематски, професионално и принципиелно. Само на таков начин ќе може да ја облагородиме иднината на нашите сограѓани од Кисела Вода.


Со почит,

Искрено ваш

Марјан Ѓорчев с.р.




Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   21


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет