Задача за изработка на Физибилити студија за хидроенергетско ползување на водниот потенцијал на реката Вардар



жүктеу 73.22 Kb.
Дата07.04.2019
өлшемі73.22 Kb.
түріЗадача



      1. БЕЗБЕДНОСТ ПРИ СНАБДУВАЊЕ



ТЕКОВНА СОСТОЈБА (реализирани 2009)

ПРАВНА РАМКА

На 121 седница на Владата на Република Македонија одржана на 16 ноември 2009 година се усвои Проектна задача за изработка на Физибилити студија за хидроенергетско ползување на водниот потенцијал на реката Вардар. По усвојувањето на Проектната задача, Министерството за економија во рамките на Рамковната спогодба бр.14-20/24 од 30.06.2009 година за консултантски услуги за подготовка на студии, идејни проекти, тендерски документации и договори за енергетски проекти, како и мислења и ревизии по изготвени студии, идејни проекти, тендерски документации и договори за енергетски проекти, ќе спроведе постапка за избор на консултанти за изработка на физибилити студија за хидроенергетско ползување на водниот потенцијал на река Вардар.


АД ЕЛЕМ на 19 септември 2008 година објави меѓународен јавен повик за финансирање, изградба и работно користење на комбинирана гасна електрана “Енергетика“ како партнер во заедничко вложување со АД ЕЛЕМ. Оваа електрана се предвидува да има инсталирана моќност од 300 МВт за производство на електрична енергија и 150 МВт за производство на топлинска енергија. Очекуваното годишно производство на електрична енергија ќе изнесува 2000 ГВтч а на топлинска 500 ГВтч. Вкупната инвестициона вредност ќе изнесува околу 250 мил. Евра. Заинтересираните потенцијални инвеститори за овој проект понудите треба да ги достават најдоцна до 21 јануари 2009 година по што ќе следи евалуација на истите и избор на најповолен понудувач.
На 26.11.2009 година Министерот за економија потпишиа Договори за концесија за изградба на 7 мали хидроелектрични централи со компанијата Мали хидроелектрани Доо Скопје која е формирана од страна на друштвата Турбоинститут Д.Д Љубљана, Република Словенија, Феро Инвест Доо Велес, ГД Гранит АД Скопје и Топлификација АД Скопје. Вкупниот инсталиран капацитет изнесува 5,454 MW со предвидено годишно производство на електрична енергија од 23,151 GWh.
Владата на Република Македонија одобри државна гаранција во висина од 11 милиони Евра за изградба на далекуводот Штип (Република Македонија) – Ниш (Република Србија), при што 3 милиони Евра ќе бидат сопствени средства на АД МЕПСО. За таа цел АД МЕПСО, до сите меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори ги достави условите за предвидениот кредит. Како најдобар понудувач избрана е Светска Банка. Должината на овој далекувод на македонскиот дел изнесува 70 км.
Со цел за натамошен развој на гасоводниот систем во Република Македонија на 3 септември 2008 година објавен е оглас за изработка на Физибилити студија за гасоводен систем во Република Македонија со идеен проект. Во студијата ќе се дадат технички и економски анализи за: постојната состојба на изграденоста на гасоводниот систем, регионалните, меѓуграничните и други услови за развој, предлози и начин на доизградба на системот согласно условите во Југоисточна Европа и пошироко и испитување на можности за користење на гас во тек на наредниот период од 20-30 години. Со изготвувањето на Физибилити студијата ќе се дефинираат стратешки услови и фазите за временската реализација на гасоводниот систем, како и соодветните приоритетни правци за најбрза реализација.
Согласно активностите поврзани со Договорот, на 18 декември 2007 година во Белград, Република Србија, се одржа Третата министерска конференција на која министрите на земјите потписнички на Договорот донесоа одлука со која во законодавството на земјите потписнички на истиот најдоцна до 31 декември 2009 година треба да се имплементираат: Директивата 2005/89/ЕС во врска со мерките за обезбедување на безбедност во снабдувањето со електрична енергија и инфраструктурни инвестиции (Directive 2005/89/EC concerning measures to safeguard security of electricity supply and infrastructure investment), Директивата 2004/67/ЕС во врска со мерките за обезбедување на безбедност во снабдувањето со природен гас (Directive 2004/67/EC concerning measures to safeguard security of natural gas supply).
Во Република Македонија во моментов надлежна институција за менаџирање на резервите на нафта и нафтени деривати е Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.
Дирекцијата е формирана со Закон за формирање на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, со цел порационално и поефиокасно управување со стоковните резерви на нафта и нафтени деривати, како и усогласување со Европското законодавство. Дирекцијата започна со работа од 01.06.2009 година, кога беше именуван директор на Дирекцијата, Средствата за нејзиното функционирање во првите 6 месеци се обезбедени од Буџетот на РМ, а во наредниот период ќе се финансира од сопствени приходи.

За таа цел изготвена е Уредба за начинот за утврдување, пресметување и уплатување на на надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќа при увоз и / или производство на нафтени деривати, која Владата на РМ ја усвои и донесе на седницата од 10.11.2009 година.


ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА

Улогата на креатор на политиката во енергетскиот сектор ја има Владата на Република Македонија, односно Министерството за економија. Во Министерство за економија, во Секторот за енергетика, во кој постојано се вработени 9 лица од кои 1 лице е со договор на определено време.


Носител на правата, обврските и одговорностите во работењето со задолжителните резерви е Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Дирекцијата е самостојна во вршењето на работите од својата надлежност и за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија.
Со Дирекцијата управува Управен одбор, кој се состои од седум члена и тоа: пет члена се именуваат на предлог на министерот за економија, од кои три члена се на предлог на трговските друштва-нафтени компании, еден член е на предлог на министерот за финансии и еден член е на предлог на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Средствата за финансирање на Дирекцијата до 31.12.2009 година се обезбедени од Буџетот на РМ, преку Агенцијата за стоковни резерви, а од 01.01.2010 средства ќе се обезбедат со наплаќање на надомест од производителите и /или увозниците на нафтени деривати.
До крај на 2009 година се предвидува вработување на 2 лица (технички секретар и едно лице по НПАА програмата), а по донесување на актот систематизација и организација на работни места од страна на УО ќе се пополнат и другите работни места согласно усвоената систематизација)
КРАТКОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ (2010)

ПРАВНА РАМКА

Со Стратегијата за развој на енергетиката ќе се утврдат долгорочните цели за развој на поедини енергетски дејности за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со енергија. По објавениот јавен повик за избор на консултант за изработка на Стратегијата и спроведување на постапката за избор на најповолен понудувач, Министерството за економија потпиша Договор со Македонската академија на науките и уметностите за изготвување на предметната Стратегија. Се очекува во месец јануари 2010 година Стратегијата за развој на енергетиката за перидот 2008-2020 со визија до 2030 да биде усвоена од Владата на Република Македонија.


Во текот на 2010 година, согласно 114 од Законот за енергетика на предлог на Министерството за економија, Владата на Република Македонија ќе донесе Програма за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката, со Програмата се уредуваат условите и начинот и динамиката на реазлизација на Стратегијата, изградба на неопходни енергетски објекти, земајќи ги во предвид прогнозираната потрошувачка на енергија и енергенти, енергетска ефикасност, можно користење на обновливи извори, ефикасна технологија за производство на енергија, стимулирање на инвестиции во енергетскиот сектор и други значајни елементи од енергетскиот сектор. Програмата се донесува за период од 5 години.
Во јуни 2010 година ќе се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за енергетика со цел да се имплементираат директивите за безбедност во снабдувањето како обврска од Договорот за основање на енергетска заедница.
Во месец декември 2008 година се објави меѓународен јавен повик за пројавување на интерес за учество во постапка на претквалификација за изградба на ХЕЦ “Чебрен“ и ХЕЦ “Галиште“. Изградбата на двете хидроелектрични централи се предвидува дека ќе трае 8 години. Рокот за доставување на понуди е 31 март 2010. Во текот на 2010 година се очекува избор на најдобар понудувач за изградба на хидроцентралите ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, како и објавување на два меѓународни огласи за давање на концесија за вода за производство на електрична енергија од 40 – 60 мали хидроелектрични централи.
На почетокот на 2010 година ќе се објави Меѓународен јавен оглас за изградба на ХЕЦ Бошков мост по моделот ДБОТ.
Во текот на 2010 година се очекува да отпочне изградбата на 400 kV интерконекција Штип (Р. Македонија) – Ниш (Р. Србија).
Во текот на 2010 година се очекува да се изработи Студијата за гасификација на Република Македонија и да се донесе одлука за правците на проширување на гасоводниот систем.
Министерството за економија во рамките на Рамковната спогодба бр.14-20/24 од 30.06.2009 година за консултантски услуги за подготовка на студии, идејни проекти, тендерски документации и договори за енергетски проекти, како и мислења и ревизии по изготвени студии, идејни проекти, тендерски документации и договори за енергетски проекти, ќе спроведе постапка за избор на консултанти за изработка на физибилити студија за хидроенергетско ползување на водниот потенцијал на река Вардар. На крајот на 2010 година се очекува да биде изработена Физибилити студијата за хидроенергетско ползување на водниот потенцијал на река Вардар.
Во текот на 2010 година ќе се донесат подзаконските и интерните акти кои произлегуваат од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА

Во текот на 2010 година се планира вработувања на 4 нови лица во Секторот за енергетика.



Во Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати во текот 2010 година се планираат вработувањa на 11 лица согласно систематизацијата. Дел од нив ќе бидат превземени од Агенцијата за стоковни резерви, согласно Законот за задолжителни резерви и едно лице ќе се вработи по НПАА.
СРЕДНОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ (2011-2012)

ПРАВНА РАМКА
Во текот на 2011 и 2012 година се планира отпочнување на повеќе конкретни проекти во делот на електроенергетиката и делот на гасоводниот сектор со што би се зголемла безбедноста во снабдувањето со енергија во Републиката, како што следува:

- 400 кV интерконекција Битола (Р. Македонија) – Елбасан (Р. Албанија) –Италија и

-надградба на постојната 200 кV интерконекција Македонија –Косово на 400 kV напонско ниво.
Во 2011 година се предвидува да се објават меѓународни јавни огласи за давање на концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.
Во делот на гасоводниот систем се предвидува отпочнување со реализација на изградбата на конкретни магистрални гасоводи, согласно Студијата за гасификација на Република Македонија.
ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА

Во текот на 2011 година се планира вработувања на 3 нови лица во Секторот за енергетика при Министерството за економија, додека во 2012 година уште нови вработувања.










Достарыңызбен бөлісу:


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет