Заклучок за усна јавна продажба (врз основа на член 67 став 1, член 169 став и член 170 став од Законот за извршување)



жүктеу 34.31 Kb.
Дата07.05.2019
өлшемі34.31 Kb.



И З В Р Ш И Т Е Л Образец бр.51

Васко Еленов



именуван за подрачјето

на Основните судови И.бр.1549/11

Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино

ул.Мито Х. Василев бр.36-1/1

тел.043 416-600

Извршителот Васко Еленов од Кавадарци врз основа на барањето за спроведување на извршување од доверителот ЈП Комуналец од Кавадарци, засновано на извршната исправа Малв.Тс.бр.524/10 од 15.12.2010 на Основен суд Велес, против должникот АД ТАСКА Кавадарци, за спроведување на извршување за наплата на долг, на ден 13.06.2014 година го донесува следниот:







З А К Л У Ч О К
ЗА ВТОРА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА

(врз основа на член 167 став 1, член 169 став 1 и член 170 став 1 од Законот за извршување)

СЕ ОПРЕДЕЛУВА ВТОРА продажба со усно јавно наддавање на недвижноста означена како: Згради во останато стопанство, запишана во имотен лист бр. 72, КО Кавадарци 2, при Агенција за катастар на недвижности на РМ- Одделение Кавадарци со следните ознаки:




  • Број на катастарска парцела 15595, дел 1, Ул.К. Крстев бр.ББ, број на зграда 11, намена на зградата 570, влез 1, кат ПР, внатрешна површина 295м2, сопственост на должникот АД ТАСКА Кавадарци;

И земјиште со право на кориостење со следните ознаки:



  • Идеален дел 470/14035 од земјиште на КП.бр.15595, дел 1, со право на кориостење, запишано во Имотен лист бр.12860 за КО Кавадарци 2 при Агенција за катастар на недвижности на РМ- Одделение Кавадарци, кое се наоѓа во владение на должникот.

Продажбата ќе се одржи на ден 03.07.2014 година во 10:00 часот во просториите на Извршител Васко Еленов, Ул.Мито Х. Василев бр.36-1/1 во Кавадарци.

Почетната цена на недвижноста изнесува 1.912.434,00 денари.

Сите такси, даноци и други трошоци кои ке произлезат по основ на продажбата- преностот на недвижноста паѓаат на товар на купувачот.

Недвижноста е оптоварена со следните товари и службености: Налог за извршување И.бр.1549/11 од 27.03.2012 година на Извршител Васко Еленов, Налог за извршување кај пристапување кон извршување И.бр.1194/12 од 18.07.2012 година на Извршител Васко Еленов. Должникот кој како сопственик домува во продадената семејна станбена зграда или стан не го задржува правото да домува тука и е должен зградата односно станот да ги испразни во рок од 60 дена од денот на донесувањето на Заклучокот за продажба, а ако тоа не го стори, извршителот на предлог од купувачот присилно ќе го изврши испразнувањето на зградата односно станот.

На јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција која изнесува 1/10(една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста.

Уплатата на паричните средства на име гаранција се врши на жиро сметката од извршителот со бр. 280109101730348 која се води кај Алфа Банка АД Скопје и даночен број 5011010501830 ,

На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.

Најповолниот понудувач-купувач на недвижноста е должен да ја положи вкупната цена на недвижноста, во рок од 5 дена од денот на продажбата, во спротивно ќе се определи нова продажба, а од положената гаранција ќе се намират трошоците на новата продажба и ќе се надомести разликата меѓу цената постигната на поранешната и на новата продажба.

Овој заклучок ќе се објави во следните средства за јавно информирање. Дневен весник Нова Македонија.

Заклучокот ќе се достави до странките, заложните доверители, до учесниците во постапката, до лицата кои имаат запишано или законско право на првенство на купување и до надлежниот орган на управата.

И З В Р Ш И Т Е Л



Васко Еленов

Достарыңызбен бөлісу:


©kzref.org 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет