Заклучок за запирање на извршување по предлог



жүктеу 37.76 Kb.
Дата01.03.2018
өлшемі37.76 Kb.












Република Македонија










И З В Р Ш И Т Е Л







Образец бр.50

Силвана Митевска










именуван за подрачјето










на Основниот суд







И.бр.579/2016

Штип и Свети Николе










ул.Кирил и Методи 11 вл.1 ст.3










тел. 032 390-101









Извршителот Силвана Митевска од Штип врз основа на барањето за спроведување на извршување од доверителот Димовски Марјан од Скопје со живеалиште на бул.АСНОМ бр.158/1-50, засновано на извршната исправа ОДУ бр.109/2016 од 16.05.2016 на Нотар Лидија Симонова Трајчева од Штип, против должникот Ристова Рајна од Штип со живеалиште во с.Долни Балван,Штип, за спроведување на извршување во вредност 643.000,00 ден., на ден 09.03.2017 година го донесува следниот:


З А К Л У Ч О К

ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА

(врз основа на членовите 179 став (1), 181 став (1) и 182 став (1) од Законот за извршување)
СЕ ОПРЕДЕЛУВА втора продажба со усно јавно наддавање на недвижен имот – градежно земјиште, запишана во имотен лист бр.1318 за КО Долни Балван при АКН, одделение за катастар на недвижности во град Штип со следните ознаки:
- КП.бр.114, дел 1, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 371 м2

- КП.бр.114, дел 2, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 319 м2

- КП.бр.114, дел 3, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 7 м2

- КП.бр.115, дел 1, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 381 м2

- КП.бр.115, дел 2, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гиз во површина од 595 м2

- КП.бр.115, дел 2, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз зпз 1 во површина од 123 м2

- КП.бр.115, дел 3, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 444 м2

- КП.бр.115, дел 4, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 398 м2

- КП.бр.115, дел 5, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 71 м2

- КП.бр.115, дел 6, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гнз во површина од 643 м2

- КП.бр.115, дел 7, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз гиз во површина од 104 м2

- КП.бр.115, дел 7, во викано место СЕЛО, катастарска култура гз зпз 1 во површина од 55 м2


сопственост на должникот Ристова Рајна.

Продажбата ќе се одржи на ден 28.03.2017 година во 12:00 часот во просториите на Извршителот на ул.Кирил и Методи 11 вл.1 ст.3 во Штип.

Почетната вредност на недвижноста, утврдена со заклучок на извршителот, изнесува 666.600,00 денари, под која недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање.

Недвижноста е оптоварена со следните товари и службености Хипотека од прв ред заснована со Нотарски Акт ОДУ бр.109/16 од 16.05.2016 год. на Нотар Лидија Симонова Трајчева и Налог за извршување врз недвижност на Извршител Силвана Митевска И.бр.579/16 од 15.07.2016 година.

Должникот кој како сопственик домува во продадената семејна станбена зграда или стан, не го задржува правото да домува тука и е должен зградата, односно станот да ги испразни во рок од 30 дена од денот на доставување на Заклучокот за предавање во владение на недвижноста, а ако тоа не го стори, извршителот на предлог од купувачот присилно ќе го изврши испразнувањето на зградата односно станот.

На јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција која изнесува 1/10 (една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста.

Уплатата на паричните средства на име гаранција се врши на жиро сметката од извршителот со бр. 300080000175214 која се води кај Комерцијална Банка АД Скопје и даночен број 5029015502890.

На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.

Најповолниот понудувач - купувач на недвижноста е должен да ја положи вкупната цена на недвижноста, во рок од 15 дена од денот на продажбата, во спротивно ќе се определи нова продажба, а средствата од положената гаранција се сметаат за наплатени средства во извршувањето.
Овој заклучок ќе се објави во следните средства за јавно информирање дневен весник Нова Македонија и електронски на веб страницата на Комората .

Заклучокот ќе се достави до странките, заложните доверители, до учесниците во постапката, до лицата кои имаат запишано или законско право на првенство на купување и до надлежниот орган на управата.


И З В Р Ш И Т Е Л




Силвана Митевска

Д.-на: Доверител



Должник ________________
Правна поука: Против овој заклучок може да се поднесе приговор до Основниот суд Штип согласно одредбите на член 86 од Законот за извршување.

Достарыңызбен бөлісу:


©kzref.org 2017
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет