Дишење и вентилација



Дата16.04.2019
өлшемі70.5 Kb.
#100977

Оперативен план за наставен час: 34 Дишење и вентилација

II полугодие, недела 17, час 2
Дата:__________

Тема 2A: Тема 9.4 Дишење и крвоток

ОДДЕЛЕНИЕ

IX


Време

Цели на учење

Критериуми за успех

Активности

Ресурси

Доказ за постигнатото


Опис

Ц/Г/И/П

40



Ги препознава основните компоненти на респираторниот систем и ги знае нивните функции.
Прави набљудувања и мерења.

Сите ученици знаат дека дишењето е стегање (контракција) и опуштање на мускулите (меѓуребрените мускули и дијафрагмата).
Поголем дел од учениците објаснуваат кога мускулите се стегаат, волуменот не белите дробови се зголемува. Ова го намалува притисокот на гас во белите дробови и воздухот се движи навнатре (вдишување). Кога волуменот во белите дробови се намалува, притисокот се зголемува и воздухот се движи нанадвор (издишување).
Некои ученици го споредуваат дишењето со другите форми на вентилација (пр. механичка вентилација, вештачка вентилација или ‘железниот бел дроб’ за пациенти со полиомиелитис).

  • Побарајте од учениците да ги стават рацете преку градите и длабоко да вдишуваат и издишуваат. Што чувствуваат? Потоа побарајте од учениците да ја стават раката на стомакот и да издишат како повеќе пати да дуваат свеќа. Што чувствуваат?

  • Утврдете дека кога тие вдишуваат, нивниот граден кош се движи нагоре и нанадвор. Кога издишуваат, нивниот граден кош се движи надолу и навнатре. Тие мора да можат да ја почувствуваат нивната

    дијафрагма како се движи нагоре кога вршат присилно исфрлање. Побарајте од учениците да кажат како овие движења воделе до внесување воздух и напуштање на белите дробови. Воведете го терминот ‘вентилација’ како движење на воздух помеѓу белите дробови и околниот воздух.



  • Демонстрирајте модел на бел дроб со употреба на балон во тегла која е по можност во вид на ѕвоно. Одредете ги карактеристиките на моделот на бел дроб (пр. дијафрагма, бел дроб, трахеа, граден кош).

  • Демонстрирајте дека воздухот се носи кон белиот дроб бидејќи волуменот околу белиот дроб се зголемува. Учениците може да го објаснат ова со примена на нивното знаење за притисок во гасовите од физика.

  • Побарајте од учениците да го проценат моделот. Кои делови од човековиот респираторен систем добро ги има моделирано? Што не моделирал добро?

  • Учениците го резимираат нивното знаење за дишење и вентилација со примена на текстуални и обележани дијаграми.

  • Дополнителна активност: Учениците кои сакаат поголем предизвик може да го споредуваат дишењето со другите форми на вентилација (пр. механичка вентилација, вештачка вентилација или ‘железниот бел дроб’ за пациенти со полиомиелитис).

Донесете заклучок дека дишењето е стегање (контракција) и опуштање на мускулите (меѓуребрените мускули и дијафрагмата). Кога мускулите се стегаат, волуменот не белите дробови се зголемува. Ова го намалува притисокот на гас во белите дробови и воздухот се движи навнатре (вдишување). Кога волуменот во белите дробови се намалува, притисокот се зголемува и воздухот се движи нанадвор (издишување).

И

Ц

Ц



Ц

И


Ц


Инструкции за тоа како да направите едноставен модел на бел дроб:



http://www.glasgowsciencecentre.org/teacher-resources/take-a-breath.html

Вежба

Дискусија

Демонстрација

П и О


Дискусија


Организирање: Детали за диференцијација /групи/улога на возрасни (поврзани со активности)

Белешки/можности за проширување на знаењето/ домашна работа

Клучна терминологија

Наставникот: планира организира мотивира координира контролира поттикнува интеракција,покажува грижа и одговорност.

Ученикот: Истражува и донесува логични заклучоци, дискутира, споделува идеи

Наставни методи: индивидуален , групен, аудио- визуелен, компјутери

Наставни техники: изведбена активност, видео, модел на бел дроб

Формативно оценување: точност во одговарање на прашањата


Домашна работа: Учениците да направат модел на бели дробови од материјали што се рециклираат

дишење

вентилација

вдишување

издишување

алвеоли

бронхија


трахеа

меѓуребрени мускули

бронхиола

ребра


дијафрагма

граден кош

плеврална мембрана

набљудува



опишува

објаснува








Каталог: wp-content -> uploads -> 2018
2018 -> Алтын күз Атырау облысы Атырау қаласы Махамбет ауданы Алға орта мектебінің Шағын орталық топ
2018 -> Ысқақова Айнұр Жанболатовқызы, СҚО, Ақжар ауданы, Айсары ауылы, «Айсары негізгі мектебі»
2018 -> Ә. Кекілбаевтың «Шыңырау» әңгімесіндегі Еңсеп бейнесі
2018 -> Қуыршақты шомылдыру
2018 -> Жарманың өнімдерінің құрамында
2018 -> Мектеп: №46 жобб мектебі Мерзімі: 5. 01. 2018ж №7 Мұғалім Митанова г сынып «Г» Оқушылар саны 12 Тақырып
2018 -> Казахская академия спорта и туризма сборник научных статей
2018 -> Сабақ тақырыбы: «Дәнекерлеудің мәні қызметі және түрлері»


Достарыңызбен бөлісу:




©kzref.org 2022
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет