Министерство за финансии



Дата14.03.2018
өлшемі271.56 Kb.
#20828
түріЗакон




РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

ЦАРИНСКА УПРАВА


Врз основа на Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл. весник на РМ” бр. 78/15, 106/15, 153/15), Закон за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15, 30/16) и Одлуки за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 42-13172/1-15 од 26.01.2016 година, 42-1675/1 и 42-1675/2 од 8.03.2016 година, донесени од Владата на Република Македонија,

Царинската управа на Република Македонија

ул.Лазар Личеноски бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија објавува


ОГЛАС број 3/2016

ЗА

ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП ОБЈЕКТИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

поединечно по гранични премини за патен сообраќај





  1. Времени објекти кои се издаваат :

  1. А. Царинско застапување 2 ОБЈАВА

Р.

бр.


Граничен премин

Локал број

Површина (м2)

Вид градба

Имотен лист (ИЛ), Катастарска општина (КО),

Катастарска парцела (КП)




Почетна висина на месечна закупнина во денари без ДДВ (05% од Проценета вредност )

Банкарска гаранција за сериозност (2% од проценетата вредност )

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

Ден и час на јавното наддавање

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

1

Табановце

21

11,16

времен објект

Поставени на градежно земјиште:

КО Табановце

КП 939,

ИЛ 1290


4.131,57

16.526,28

100.000,00

04.07. 2016 08,00

2

Табановце

23

10,31

времен објект

Поставени на градежно земјиште:

КО Табановце

КП 939,

ИЛ 1290


4.125,42

16.501,68

100.000,00

04.07. 2016 08,30

3

Табановце

25

7,56

времен објект

Поставени на градежно земјиште:

КО Табановце

КП 939,

ИЛ 1290


4.106,05

16.424,18

100.000,00

04.07. 2016 09,00

4

Ново Село

84

7,54

времен објект

Поставени на градежно земјиште:

КО Ново Коњарево-Бадолен-

вон град

КП 3538,


ИЛ 3538

4.096,83

16.387,30

60.000,00

04.07. 2016 09,30

5

Деве Баир

92

67,00

времен објект

Поставени на градежно земјиште:

КО Узем


КП 2314,

ИЛ 216


4.113,12

16.452,48

60.000,00

04.07. 2016 10,00



  1. Објекти од траен карактер

2. А. Царинско застапување 2 ОБЈАВА


Р.

бр.


Граничен премин

Локал број

Површина (м2)

Вид градба

Имотен лист (ИЛ), Катастарска општина (КО),

Катастарска парцела (КП)




Почетна висина на месечна закупнина во денари без ДДВ (05% од Проценета вредност )

Банкарска гаранција за сериозност (2% од проценетата вредност )

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

Ден и час на јавното наддавање

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

1

Блаце

7

52,00

објект од траен карактер

КО Блаце Кале

КП 2772/1,

ИЛ 386


22.597,87

90.391,47

110.000,00

04.07. 2016 10,30

2

Блаце

8

25,00

објект од траен карактер

КО Блаце Кале

КП 2772/1,

ИЛ 386


12.025,40

48,101.61




110.000,00

04.07. 2016 11,00

3

Блаце

10

27,00

објект од траен карактер

КО Блаце Кале КП 2772/1 ,

ИЛ 386


11.406,71

45.626.85

110.000,00

04.07. 2016 11,30

4

Блаце

11

28,00

објект од траен карактер

КО Блаце Кале

КП 2772/1,

ИЛ 386


12.195,76

48.783,03

110.000,00

04.07. 2016 12,00

5

Богородица

45

15,00

објект од траен карактер

КО Богородица

КП 2848,


ИЛ 1086

6.167,84

24.671,34

100.000,00

04.07. 2016 12,30

6

Богородица

47

12,00

објект од траен карактер

КО Богородица

КП 2848,


ИЛ 1086

5.182,61

20,730.42




100.000,00

04.07. 2016 13,00

7

Стење

67

20,00

објект од траен карактер

КО Стење

КП 1197/2,

ИЛ 565


6.342,50

25.369.98

40.000,00

04.07. 2016 13,30

8

Меџитлија

68

23,00

објект од траен карактер

КО Лажец

КП 384/3,

ИЛ 438


10.403,34

41.613,36

80.000,00

04.07. 2016 14,00

9

Блато

75

16,00

објект од траен карактер

КО Баниште

КП 640/1 ,

ИЛ 122


6.963,03

27.852,12

40.000,00

04.07. 2016 14,30

10

Блато

77

29,00

објект од траен карактер

КО Баниште

КП 640/1,

ИЛ 122


6.963,03

27.852,12

40.000,00

04.07. 2016 15,00

11

Блаце

90

25,34

објект од траен карактер

КО Блаце Кале

КП 3423, ,

ИЛ 386


10.701,00

42.804,00

110.000,00

04.07. 2016 15,30

12

Блаце

91

25,34

објект од траен карактер

КО Блаце Кале

КП 3423,


ИЛ 386

10.701,00

42.804,00

110.000,00

04.07. 2016 16,00


2. Б. осигурување на лица и возила 2 ОБЈАВА


Р.

бр.


Граничен премин

Локал број

Површина (м2)

Вид градба

Имотен лист (ИЛ), Катастарска општина (КО),

Катастарска парцела (КП)




Почетна висина на месечна закупнина во денари без ДДВ (05% од Проценета вредност )

Банкарска гаранција за сериозност (2% од проценетата вредност )

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

Ден и час на јавното наддавање

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

1

Табановце

31

8,00

објект од траен карактер

КО Табановце

КП 939,


ИЛ 1290

3.260,42

13.041,69

100.000,00

04.07. 2016 16,30

2

Стење

66

20,00

објект од траен карактер

КО Стење

КП 1197/2,

ИЛ 565


6.342,50

25.369,98

40.000,00

04.07. 2016 17,00

3

Свети Наум

70

5,00

објект од траен карактер

КО Љубаништа

КП 2263 ,

ИЛ 501


2.584,23

10.336,92

30.000,00

04.07. 2016 17,30

4

Блато

76

16,00

објект од траен карактер

КО Баниште

КП 640/1,

ИЛ 122


6.963,03

27.852,12

40.000,00

04.07. 2016 18,00

5

Блаце

88

25,34

објект од траен карактер

КО Блаце Кале

КП 3423,


ИЛ 386

10.701,00

42.804,00

110.000,00

04.07. 2016 18,30

3. Интегрален текст на Огласот за јавното наддавање, Пријавата (Образец број 1) и Изјавата (Образец број 2) за учество на јавното наддавање, може да се превземат од веб страната на Царинска Управа http://www.customs.gov.mk.

4. Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет адреса http://e-aukcii.finance.gov.mk. Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со податоците и доказите утврдени во овој оглас се прикачуваат во електронскиот систем за јавно наддавање на Министерството за финансии

  • Податоците и доказите утврдени во овој оглас заедно со пријавата треба да бидат скенирани во еден pdf документ и истиот се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Изјава”

  • Банкарската гаранција се скенира во pdf документ и се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Банкарска гаранција”.

5. Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со податоците и доказите утврдени во овој оглас покрај електронски се поднесува и по пошта на адреса на Царинска Управа или директно во просториите на архивата на Царинска Управа ул.„Лазар Личеноски” бр. 13 1000 Скопје, во затворен плик на кој е наведен бројот на огласот и е назначено - за Комисија за избор на најповолен понудувач за закуп на деловен и рекламен простор –.

6. Еден затворен плик е за една пријава за една дејност и за еден објект односно деловен простор.

Во секој затворен плик има два внатрешни затворени пликови – еден со пријава и банкарска гаранција за сериозност на понудата (точка 9.1. од овој оглас) кои се доставуваат во оригинал, а друг со задолжителната документација предвидена во точка 9.2. и 9.3. од овој оглас.



7. Рокот за доставување на пријава за учество на јавното наддавање со задолжителната документација е најдоцна до 30.06.2016 година.

Јавното наддавање за секој објект одделно ќе се одржи електронски на следната интернет адреса http://e-aukcii.finance.gov.mk

Јавното наддавање ќе започне во терминот наведен во табеларниот преглед, за секој објект поединечно.

8. Почетната цена за наддавање за објект, е наведена во колона 7 во табелите од точки 1 и 2 на овој оглас. Цената на закупнината е изразена во денари без ДДВ и е противвредност од евра, утврдена согласно Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост „Сл. весник на РМ” бр. 78/15, 106/15 и 153/15) и Закон за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15, 30/16).

9. Задолжителна документација за учество на јавното наддавање е:

9.1. - пополнета Пријава (Образец број 1);

- банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар (колона 8 од табелите од точка 1 од овој оглас);

9.2.- Потврда за регистрирана дејност од правното лице подносител на пријавата издадена од Централен регистар на РМ;

- Тековна состојба од подносителот на пријавата издадена од Централен регистар на РМ, поднесена во оригинал или копија не постара од шест (6)месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”;

- Изјава со која се обврзува дека ако биде избран за најповолен понудувач, во рок од 5 дена од приемот на известувањето за избор ќе пристапи кон склучување Договор за закуп, поднесена во оригинал или копија не постара од шест (6)месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”;

- Изјава – Образец бр. 2 со која подносителот на пријавата изјавува дека ги прифаќа и е запознаен со условите од Огласот за јавно наддавање, во оригинал или копија не постара од шест (6) месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”

9.3. -Одобрение за вршење работи за застапување во царински постапки за обавување на дејноста царинско застапување, во оригинал или копија не постара од шест (6)месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот” ;

- Прифатени општи гаранции за транзитна постапка во оригинал или копија не постара од шест (6)месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”, во висина од:

а) 5 милиони денари – за обавување на дејноста царинско застапување во објекти на граничен премин Блаце, Табановце, Деве Баир, Богородица;

б) 2 милиони денари - за обавување на дејноста царинско застапување во објекти на граничен премин Ново Село, Стење, Меџитлија, Блато;

- Потврда за работно време од Централен регистар на РМ за обавување на дејноста царинско застапување, во оригинал или копија не постара од шест (6) месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”,и тоа:

а) работно време од 24 часа – за објекти на граничен премин Блаце, Табановце, Деве Баир, Богородица, Ново Село, Меџитлија;

б) ) работно време од 8 часа – за објекти на граничен премин Блато, Стење;

- Изјава за работно време, во оригинал или копија не постара од шест (6) месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”, доколку не може да се обезбеди Потврда за работно време до денот на јавното наддавање, со обврска во рок од 30 дена задолжително да се достави Потврдата;

-Лиценца од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за вршење осигурителни дејности од областа на неживотното осигурување во рамките на класа на осигурување од одговорност од употреба на моторни возила, за дејноста осигурување на лица и возила, во оригинал или копија не постара од шест (6)месеци заверена со потпис и печат од одговорното лице со назнака „верно на оригиналот”.



10. Банкарската гаранција е за сериозност на понудата и треба да е издадена од банка. Во висина е од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и е со рок на важност 60 дена од денот на јавното отварање. Банкарската гаранција за сериозност на понудата на најповолниот понудувач му се враќа веднаш по записничкото примопредавање на објектите, а на останатите подносители на пријава се враќа во рок од 15 дена од јавното наддавање. Царинска управа ќе ја реализира банкарската гаранција за сериозност доколку најповолниот понудувач не го склучи понудениот договор за закуп, не го солемнизира и не направи записничко примопредавање на објектот во предвидените рокови. На секое идно јавно наддавање за истиот објект во период од една година, овој учесник во наддавањето нема да може да учествува;

11. Објектот се издава во видена состојба.

12.Постапката за избор на најповолен понудувач ја спроведува Комисија за избор на најповолен понудувач за закуп на деловен и рекламен простор, формирана со решение од директорот на Царинската управа.

13.Комисијата нема да даде корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, за понудувач кој:

  • поднел пријава за која Комисијата ќе утврди дека е некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација од точка 9 од овој оглас или без сите податоци и докази предвидени во овој оглас,

  • се пријавува за дејноста и за објект на еден граничен премин за која веќе има важечки договор за закуп за друг објект на истиот граничен премин,

  • во постапката од оглас кој е во тек, се пријавува за иста дејност за која е веќе најповолен понудувач и треба да склучи договор за закуп со ЦУ. Во случај истиот подносител на пријава да наддава за објект за иста дејност на ист граничен премин за кој веќе е најповолен понудувач, сите постапки во тековниот оглас на кој истиот подносител на пријава учествувал ќе се прогласат за неважечки и истиот нема да има право да учествува на наредниот оглас за давање под закуп на објект,

  • се пријавува за истиот објект за кој во завршена постапка за јавно наддавање бил избран за најповолен понудувач, но во рокот предвиден за склучување, солемнизација на договорот или записничко примопредавање се откажал од склучување договор за закуп,

14. Јавното наддавање е електронско и ќе се одвива на следниот начин:

  • Подносителите на пријави е потребно да се пријават на огласот објавен на страната на Министерството за финансии, да ги испратат личните податоци и документи потребни за регистрација во системот, како и точна e-mail адреса со која се регистрирале во системот http://e-aukcii.finance.gov.mk, за да може Комисијата да го одобри нивното учество во јавното наддавање;

  • На подносителите на пријави кои се комплетни и навремени согласно овој оглас, Комисијата преку e-mail, во рок од три дена од денот на доставувањето на пријавите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои доставиле некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација од точка 9 од овој оглас или без сите податоци и докази предвидени во овој оглас, им доставува известување (по електронски пат) со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање;

  • Подносителите на пријави кои од Комисијата ќе добијат корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата http://e-aukcii.finance.gov.mk со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање;

  • Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку на огласот се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите од огласот и ја прифати почетната цена;

  • Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена на закупнината;

  • Јавното наддадавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда;

  • Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, почетната цена на закупнината се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат, без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, почетната цена на закупнината повторно се намалува за 2% од проценета вредност;

  • Кога јавното наддавање за соодветен објект е во прва или втора објава, соодветно се применуваат одредбите од Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

  • За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закупнина за конкретниот објект.

  • Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува Записник за спроведеното јавно наддавање од електронскиот систем кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање, изготвува Извештај за текот на јавното наддавање, и доставува предлог одлука до директорот на ЦУ за избор на најповолен понудувач.

  • Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

  • Против решението од Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

  • За постапките за јавно наддавање за објект за кои има приговор или жалба против решението од Комисијата, Одлука за избор на најповолен понудувач во постапка со електронско јавно наддавање ќе се изготви по завршувањето на постапката која ќе се води по приговорот односно жалбата.

15.Во оваа постапка за давање во закуп на објектите на граничните премини, од страна на сите учесници задолжително се почитува следното:

    • Доколку најповолниот понудувач го потпишал договорот за закуп, но во периодот до солемнизација на договорот го извести закуподавачот дека го откажува договорот за закуп или не дојде на денот за солемнизирање на договорот, банкарската гаранција за сериозност не се враќа односно ќе се активира;

    • Доколку најповолниот понудувач кој последен ја наддал почетната цена за закуп на еден објект, не го прифати понудениот Договор за закуп, банкарската гаранција нема да му се врати односно ќе се активира;

    • За давање во закуп на објектите, меѓу Царинската управа и најповолниот понудувач се склучува договор за закуп кој се солемнизира кај нотар на трошок на закупецот;

    • Во рок од 10 дена од потпишувањето на договорот од двете страни закупецот е должен да обезбеди банкарска гаранција за обврски од договорот (колона 9 од овој оглас), на износ утврден од страна на Царинската управа, но не помал од пет (5) просечни месечни закупнини и пет (5) просечни режиски трошоци за соодветниот објект. Износот е гаранција за редовно подмирување на закупнина, режиски и други трошоци кои произлегуваат од договорот. Рок на важност на гаранцијата е пет (5) месеци повеќе од крајниот рок на договорот, со обврска за обновување по секое активирање од страна на Царинската управа;

    • Времетраење на договорот за закуп е 24 месеци

    • Закупецот мора да започне со вршење на дејноста која ја пријавил во рок од 30 дена по потпишувањето на договорот од двете страни;

    • Закупените и заедничките објекти, како и блиското опкружување, закупецот е должен да ги употребува како добар домаќин и според нивната намена;

    • Режиските трошоци за објектот – струја, ел.енергија, греење, вода, ПТТ, изнесување на сметот до определеното место за собирање, заедничките трошоци, се на товар на закупецот;

    • Закупецот соодветно на својата дејност и намената, ја презема одговорноста за применување на сите законски прописи, како и ПП заштитата и трошоците за набавка на пропишаната ПП опрема во објектот;

    • Закупецот е должен на Царинската управа да и достави адреса за доставување на писма, и секое доставување на писмо од страна на Царинската управа на таа адреса ќе се смета за полноважно ако е извршено по пошта со препорачана пратка;

    • Закупецот е должен да ги извести Царинската управа и нотарот кај кој е солемнизиран договорот за секоја промена на седиштето, адресата, статусни и слични промени, банкарските сметки, отворен стечај на закупецот и слично;

    • Во случај на стечај, ликвидација и други случаи на престанок на вршењето на дејноста од страна на закупецот, истиот е должен веднаш да ги извести Царинската управа и нотарот кај кој е солемнизиран договорот, а договорот за закуп престанува да важи;

    • Закупецот не смее закупениот објект целосно или во делови да му го даде во закуп на друг (подзакуп), или според некој друг основ да го даде на употреба;

    • Закупецот не смее без писмена согласност од Царинската управа да врши измени на објектот (преградување, поправки, преправки и други инвестициони работи);

    • Закупецот е должен да ги надомести трошоците за штетите на објектот настанати по негова вина или поради небрижност;

    • Договорот за закуп ќе содржи извршна калузула – изрична изјава на закупецот дека е согласен врз основа на договорот кој се заверува кај нотар, непосредно да се спроведе присилно извршување врз имотот на должникот заради наплата на доспеана, а неплатена закупнина и други трошоци и надоместоци определени со договорот, како и присилно иселување доколку договорот биде откажан, раскинат или престанал на друг начин;

    • По престанокот на закупот по било кој основ закупецот е должен да и го врати на Царинската управа објектот, записнички, во исправна состојба а во согласност со отказниот рок;

    • Царинската управа може еднострано да го раскине договорот за закуп доколку:

а) закупецот во рок не започне или не ја врши дејноста за која се пријавил на наддавањето,

б) закупецот не се придржува кон договорот за закуп,

в) закупецот не ги плаќа во рок закупнината и режиските трошоци,

г) закупениот објект закупецот го издава на подзакуп,

д) закупецот престане да ги исполнува условите од овој оглас врз основа на кои е склучен договорот за закуп,

ѓ) објектот е потребен за обезбедување услови за непречено функционирање на државните органи на граничниот премин,


16.Контакт лица за информации:

  • Златко Кочоски, 02-3171-770 zlatko.kochoski@customs.gov.mk за граничниот премин Блаце ;

  • Ацо Божиновски, 070 360-493 aco.bozinovski@customs.gov.mk за граничните премини Табановце и Деве Баир;

  • Перо Дејкоски, 070 357 931 pero.dejkoski@customs.gov.mk за граничен премин Ќафасан, Меџитлија, Блато, Стење, Свети Наум;

  • Антонио Јанчев 070 358 766 antonio.jancev@customs.gov.mk за граничните премини Ново Село и Богородица.

29-042734/16 - 0001

Скопје, 15.06. 2016 година

Директор,

Наташа Радеска Крстевска
Доставено во оригинал до:


  • Одделение за канцелариско и архивско работење

Доставено преку ЕДМС до:



  • Одделение за канцелариско и архивско работење

Изработил: Марија Момировска Нешовска

Одобрил: Зоран Петковски



Согласен: Јово Џутески


Каталог: themes -> pro-auctions -> files
files -> Министерство за финансии
themes -> Влияние лечебных комплексов с применением азт-01 (арома-сауна Здравница®), ультразвука и миостимуляции на показатели антропометрии у пациентов железнодорожников с экзогенно-конституциональным ожирением
themes -> Темы курсовых и дипломных работ для студентов 1-4 курсов факультета биоинженерии и биоинформатики мгу им
themes -> Тема курсовой работы для студентов 3 курса факультета биоинженерии и биоинформатики
pro-auctions -> Општина валандово


Достарыңызбен бөлісу:




©kzref.org 2022
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет