Визна политика



жүктеу 61.96 Kb.
Дата21.02.2019
өлшемі61.96 Kb.
түріЗакон



3.24.3 ВИЗНА ПОЛИТИКА



ТЕКОВНА СОСТОЈБА

ПРАВНА РАМКА
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за странците (Сл.весник на РМ бр.92/2009), се овозможи странец носител на валидна патна исправа на трета земја кој има регулирано постојан престој во земја членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор да може да влезе во РМ без да поседува важечка виза.
Согласно Планот за хармонизација на визниот режим на Република Македонија со визниот режим на Европската Унија донесена е Одлука за еднострано укинување на визите за влез и престој до 90 (деведесет) дена, во Република Македонија, за државјаните на земји кои се наоѓаат на позитивната визна листа на ЕУ а за кои претходно беше потребна виза за влез во Република Македонија1. Согласно односната Одлука, Република Македонија константно ќе го усогласува визниот режим со сите идни измени во „позитивната“ листа на ЕУ, анекс 2 од Регулативата на Советот (ЕК) бр. 539/2001 и последователните измени на истата. Одлуката почнa да се применува од 01.10.2009г. и ќе важи до пристапувањето на Република Македонија во ЕУ.
Владата на РМ ја продолжи важноста на мерката со која се овозможи секој странец кој поседува важечка повеќекратна Шенген Ц виза, со рок на важност подолг од најмалку 5 (пет) дена од планираниот престој на странецот во Република Македонија, да може да влезе во Република Македонија без да поседува македонска виза. При секој влез на територијата на Република Македонија, странецот може да престојува во Република Македонија најмногу до 15 (петнаесет) дена, при што вкупното траење на последователните престои во Република Македонија, не смее да биде подолго од 3 (три) месеци во текот на секој 6 (шестмесечен) период, сметајќи од денот на првото влегување. Оваа мерка ќе се спроведува во период од една година, почнувајќи од 01.10.2009 година, со можност истата да биде продолжена и во натамошниот период.
Согласно декларациите од Спогодбата за олеснување на визниот режим, иницирани се мерки и активности за потпишување на билатерални спогодби за олеснување на визниот режим со Велика Британија, Република Ирска, Данска и Исланд.
ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА
Во рамки на Проектот за поврзување на сите ДКП на РМ во странство со Визниот центар во МНР, преку Н-ВИС беа поврзани 37 ДКП-а. Истовремено со Н-ВИС беа поврзани и Одделението за странци и реадмисија во МВР, 8 гранични премини како и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Беше воспоставен линк и со информацискиот систем за Интегрирано гранично управување.
Визна либерализација

Во првото тромесечие од 2009 година, во РМ се одржаа Оценски мисии (составени од експерти на земјите членки и службеници на ЕК), со цел верификација на напредокот на РМ согласно Патоказот и тоа за Блок 1 - Безбедност на документи, Блок 2 - Гранично управување, азил и миграција, Блок 3 - Јавен ред и безбедност, додека за Блок 4 - Надворешни односи и одржан беше експертски состанок. По завршувањето на мисиите и состаноците, ЕК го објави ажурираниот Извештај за исполнување на условите од Патоказот за визна либерализација на РМ, каде констатира дека РМ ги исполнува условите од Патоказот. Со објавувањето на ажурираниот Извештај заврши втората фаза од процесот на визна либерализација.

На 15 јуни 2009 година Советот на ЕУ даде политичка поддршка за опточнување на правната процедура за укинување на визниот режим за земјите опфатени со процесoт. Советот ја охрабри ЕК да поднесе легислативен предлог за измена на Регулативата 539/2001 во најскоро можно време, со цел да се постигне безвизен режим до крајот на 2009, со оние земји кои целосно ги исполниле бараните услови.

На 15 јули 2009 година, Европската комисија усвои предлог за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година. На 12 ноември 2009 година, Европскиот Парламент усвои Резолуција со која беше препорачано укинување на визите за трите земји, започнувајќи од 19 декември 2009 година.

Министерскиот совет за правда и внатрешни работи, на 30 ноември 2009 година, донесе одлука за либерализација на визниот режим на Европската унија за граѓаните на Република Македонија. Безвизниот режим со земјите членки на ЕУ стапува на сила од 19 декември 2009 година.

Со оваа одлука се врши трансфер на Република Македонија, Србија и Црна Гора на листата содржана во Регулативата 539/2001 на земји чии државјани се изземени од обврската да поседуваат виза при премин на надворешните граници на ЕУ (т.н. Шенгенска „позитивна листа“, анекс 2 од Регулативата 539/2001).


КРАТКОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ

ПРАВНА РАМКА
Ќе се донесат измени на Законот за административни такси со кои ќе се изврши усогласување на висината на таксите за визи со предвиденото во Одлуката на Советот (ЕЦ) бр. 440/2006
Отпочнување на активности за хармонизација на визните одредби со „црната листа“ на Европската Унија, кои се очекува да бидат завршени со влез на Република Македонија во Европската унија.
Во текот на 2010 година ќе се пристапи кон анализа на усогласеноста на актуелната регулатива со EU Community Code on Visas (Visa Code) и соодветно ажурирање на текстот на Националниот Шенгенски акциски план.
Согласно пропишаното во Националниот Шенгенски акциски план во текот на 2010 година ќе се пристапи кон измена и дополнување на Законот за странците и тоа со цел: усогласување со Регулативата 415/2003 (виза на ГП за морепловци кои транзитираат), усогласување со Регулативата на Советот (EЗ) 1932/2006 (изземање на определени категории на лица од обврската за поседување на виза при влез во Република Македонија). Истовремено ќе се пристапи кон измена на Правилникот за визи околу начинот на издавање виза на носители на патен документ издаден од држава или МО кои не се признаени од ВРМ, со цел усогласување со Регулативата 333/2002 и во однос на начинот на поништување на налепницата за виза при поништување, отповикување и скратување наважноста на визата, со цел усогласување со Одлуката на извршниот комитет (SCH/Com-ex (93)24) за начин на отповикување, поништување и скратување на важноста на единствената виза.
Во текот на 2010 година ќе се финализира конечниот текст на Упатство за работата на Визниот центар, а ќе се изработи и Упатство за обука на дипломатско конзуларниот персонал пред заминувањето на работа во ДКП-ата на Република Македонија во странство, согласно препораките во ЕУ Шенгенскиот каталог за издавање на визи.

ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА
Во насока на зајакнување на капацитетите на ДКП-ата, во текот на првата половина на 2010 година е предвидено издигнување статусот на Визниот центар од Одделение во Сектор за Визен центар кој би опфаќал 4 функционални одделенија и тоа: Одделение за одобрување на барања за визи за влез и престој во РМ, Одделение за визна и миграциона политика и за усогласување со визната политика на ЕУ и Шенгенското Acquis, Одделение за Н-ВИС и информатичка поддршка на корисниците на системот и Одделение за дипломатски и службени пасоши и визи.
До средината на 2010 година ќе бидат поврзани преостанатите ДКП со Визниот центар во МНР, а се предвидува и техничко опремување на ДКП на РМ во странство со цел исполнување на минималните технички стандарди за откривање на фалсификувани документи согласно пропишаното во Одлуката на Советот (ЕЗ) 14/2004 и препораките во ЕУ Шенгенскиот каталог за издавање на визи (препораки и најдобра пракса)
Се предвидува изработка на Елаборат за класификација на ДКП според степенот на ризик (низок, среден и висок ризик) и за изборот на кадри со соодветни квалификации во зависност од условите во земјата на приемот, согласно препораките во ЕУ Шенгенскиот каталог за издавање на визи (препораки и најдобра пракса)
Континуирана обука на дипломатско конзуларниот персонал пред заминувањето на работа во ДКП-ата на Република Македонија во странство, согласно Упатство за обука на дипломатско конзуларниот персонал и ЕУ Шенгенскиот каталог за издавање на визи.
Во текот на 2010 година е предвидена и обука на вработените во ДКП и во Визниот центар (одобрувачи на визи) за откривање на фалсификувани документи (согласно препораките во ЕУ Шенгенскиот каталог за издавање на визи, (препораки и најдобра пракса).
Континуирано зајакнување на кадровските капацитети на Визниот Центар со вработување на едно ново лице во 2010 година.
Издигнување на нивото на Конзуларното одделение во Бон во Генерален конзулат на РМ во Бон.
Визна либерализација
Активности за воспоставување на безвизен режим на Велика Британија и Ирска кон Република Македонија.
СРЕДНОРОЧНИ ПРИОРИТЕТИ

ПРАВНА РАМКА
Потпишување на билатерални Спогодби за безвизен режим со Велика Британија, Република Ирска, Данска, и Исланд

ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА
Континуирано зајакнување на кадровските капацитети на Визниот Центар со вработување на четири нови лица во 2011 и три во 2012 година.
Континуирано спроведување на обуки на дипломатско конзуларниот персонал пред заминувањето на работа во ДКП-ата на Република Македонија во странство.
Опремување и уредување на ДКП на РМ со цел исполнување на минималните стандарди за безбедност на објектот во кој е лоцирано ДКП, пропишани во ЕУ Шенгенскиот каталог за издавање на визи (препораки и најдобра пракса).



1 Андора, Бразил, Брунеи, Чиле, Костарика, Гватемала, Хондурас, Мексико, Никарагва, Панама, Парагвај, Ел Салвадор, Сингапур, Јужна Кореја, Уругвај, Хонг Конг, Макао, Антигва и Барбуда, Бахамите, Република Маурициус, Федерацијата Св. Китс и Невис и Република Сејшели




Достарыңызбен бөлісу:


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет