Закон за изменување и дополнување на законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци



жүктеу 85.06 Kb.
Дата16.09.2018
өлшемі85.06 Kb.
түріЗакон



МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

ПРЕДЛОГ НА

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРАВАТА НА ВОЕНИТЕ ИНВАЛИДИ,НА ЧЛЕНОВИТЕ НА НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА И НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ

По скратена постапка

Скопје, јуни, 2013 година

ВОВЕД
I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ
Во Република Македонија, посебната заштита на борците, воените инвалиди и семејствата на паднатите борци е регулирана со Законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паданатите борци (“Службен весник на Република Македонија” бр 13/96).

Измените и дополнувањето на Законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паданатите борци се во насока на усогласување на овој закон согласно член 16 Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) според кој Законите со кои се уредуваат прашањата во врска со управната постапка ќе се усогласат со овој закон


II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА
Основна цел на предложените измени и дополнувања на Законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паданатите борци, е да согласно член 63 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) според кој се предвидува обврска со која уште во текот на постапката на поднесување на поднесоци, органот што е наделжен за приемот на поднесокот, односно усното соопштение, е должен да ги користи личните податоци на подносителот за за потребите на постапката во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Исто така независно од одредбите на посебните закони и подзаконски акти, странката не е должна со барањето да поднесува исправи ( уверенија, сертификати, потврди и друго) за факти кои органот на државната управа и органот на локалната управа или пак друг субјект води службена евиденција.

Согласно член 139 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (Службен весник на РМ бр.51/2011) предвидува обврска за службеното лице кое ја води постапката по службена должност да ги прибави податоците за фактите за кои службена евиденција води органот надлежен за решавање како и во случај кога во однос на службена евиденција води друг државен орган, односно друг субјект кој води регистар на податоци, а се воведува обврска за државниот орган, односно субјект кој води службена евиденција, бараните податоци да ги достави во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.

Со ставовите 4 и 5 од членот 62 се обезбедува електронско поднесување на поднесоците и се регулира рокот за завршување на услугата.
III.ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
Предлогот за изменување и дополнување на Законот за правата на воените инвалиди на членовите на нивните семејства,на членовите на семејствата на паднатите борци нема да предизвика фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија
IV.ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ПО СКРАТЕНА

ПОСТАПКА
Со оглед на тоа што не се работи за обемен и сложен закон согласно со член 170 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на РМ” број 91/08), овој закон се предлага да се донесе по скратена постапка.

Закон за изменување и дополнување на

Законот за за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паданатите борци

Член 1

Во Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паданатите борци (“Службен весник на Република Македонија” бр 13/96), во членот 74 во ставот 1 и 2 точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите:” кои можат да го поднесат и во електронска форма и треба да содржи електронски потпис согласно закон”.


Член 2

После членот 74 се додава нов член 74 - а кој гласи:

Подрачната организациона единица на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди во општината каде е понесено барањето ќе ги користи личните податоци на подносителот за потребите на постапката, во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Документацијата (уверенијата,потврдите и друго) за факти за кои органот на дражавната управа или друг субјект надлежен за решавање води службена евиденција, ќе се смета дека подносителот на барањето ја има поднесено со барањето, доколку наделжната подрачна организациона единица може да ја прибави по службена должност.

Податоците за фактите како и соодветна документација за кои службена евиденција води Подрачната организациона единица на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди, службеното лице кое ја води постапката ги обезбедува по службена должност и се смета дека подносителот на барањето ги има поднесено со барањето.

Начинот на прибавувањето и размената на личните податоци на подносителот на барањето, а кои се потребни во постапката за решавање на барањето се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Прописите за потребната документација, формата и содржината на образецот за остварување на правата од членот 18 на овој Закон ги пропишува министерот за труд и социјална политика .

Член 3
После членот 85 се додава нов член 85 - а кој гласи:

Доколку надлежниот орган Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди од членот 84 став 1 на овој закон не донесе решение за остварување на правото, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рок пропишан во членот 85 од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена по истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди за донесување на решение и директорот да донесе решение.

Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот.

Кон барањето за донесување на решението од ставот 1 на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето од членот 74 од овој закон.

Директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 1 на овој член до писарницата на директорот да донесе решение со кое барањето за остварување на правото (лична инвалиднина, семејна и зголемена семејна инвалиднина, инвалидски додаток, додаток за нега и помош од страна на друго лице, ортопедски додаток, бањско и климатско лекување, право на патничко моторно возило, додаток на деца,професионална рехабилитација, здравствена заштита, помош во случај на смрт и бесплатен и повластен превоз) е уважено или одбиено. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на Министерството за труд и социјална политика.

Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не донесе решение во рокот од ставот 4 на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.

Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот 5 на овој член да изврши надзор во Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди дали е спроведена постапката согласно закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Инспекторот од државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди во рок од десет дена да одлучи да по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести Државниот управен инспекторат за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.

Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не одлучи во рокот од ставот 7 на овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој директорот на Републичката управа за прашања на борците ивоените инвалиди ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не одлучи и во дополнителниот рок од ставот 8 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го инфорира подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 6 на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поденсе приговор до писарницата на директорот на Државиот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.

Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот 10 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето на подносителот на барањето согласно ставовите 6 и 7 на овој член , да поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот да и определи доплнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор и да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 11 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Во случајот од ставот 12 на директорот на Државниот управен инспекторат, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.

Во случаите од ставот 13 на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку директорот на Државниот управен инспекторат, не постапи согласно ставот 11 на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

Доколку директорот на Републичката управа за прашања на борците и воените инвалиди не одлучи во рокот од ставот 9 на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежен суд.

Постапката пред управниот суд е итна.

По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот 2 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството.

Член 4
Подзаконските акти предвидени со овој закон, министерот ќе ги донесе во рок од петнаесет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 5
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паданатите борци.


Член 6

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.







Достарыңызбен бөлісу:


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет