Закон за територијална организација на локалната самоуправа во република македонија скопје, јули 2004 година



жүктеу 0.87 Mb.
бет1/5
Дата14.03.2018
өлшемі0.87 Mb.
түріЗакон
  1   2   3   4   5



Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН


ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Скопје, јули 2004 година

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН


ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

I ОПШТИ ОДРЕДБИ


Член 1
Со овој закон: се уредува територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија; се основаат општините како единици на локалната самоуправа; се утврдуваат подрачјата на општините и на градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа; се утврдуваат имињата, седиштата и границите на општините; се определуваат видот и имињата на населените места; се уредува спојувањето, поделбата и промената на границите на општините и на градот Скопје , како и други прашања што се однесуваат на територијалната организација на локалната самоуправа.
Член 2

Основање на нова општина (спојување, поделба и менување на границите) и менување на името и на седиштето на општината може да се изврши со измена и дополнување на овој закон, по претходно консултирање на граѓаните од подрачјето на општините на кои се однесува, на начин утврден со закон.


Член 3
Подрачје на општина опфаќа едно или повеќе населени места со катастарски општини утврдени во согласност со закон.

Подрачјето на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, го сочинуваат подрачјата на општините во градот Скопје.


Член 4

Граница на општина се границите на катастарските општини на населените места во нејзиниот состав, во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија.



Граница на градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се границите на општините во градот Скопје во делот што се граничат со соседните општини или се поклопуваат со државната граница на Република Македонија.


Член 5
Секоја општина има име и седиште на општината.

Седиштето на општината е во едно од населените места кои се во нејзин состав.

Седиштетото на општините во градот Скопје е во градот Скопје.

Член 6
Населени места се градовите и селата.

Град, во смисла на овој закон, е населено место кое има повеќе од 3.000 жители; има развиена структура на дејности, а над 51% од вработените се вон примарните дејности; има изградена урбана физиономија со зони за домување, стопанство, рекреација и јавно зеленило, плоштад, изграден систем на улици и комунални служби и претставува функционално средиште на населените места во опкружувањето.

Село, во смисла на овој закон, е населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција.

Населените места се утврдуваат со овој закон.



Член 7
Граница на град, како населено место, се утврдува со генерален урбанистички план.

Граница на село, како населено место, се утврдува со урбанистички план за населеното место.



Член 8
Секое населено место има име.

На подрачјето на една општина, две или повеќе населени места, по правило, не можат да имаат исто име.



Член 9
Населеното место и неговата катастарска општина можат да бидат во состав само на една општина.

II ОПШТИНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 10
Во Република Македонија се основаат и се утврдуваат името и седиштето на следните општини:


  1. Општини со седиште во град




  1. Општина Берово

со седиште во град Берово


  1. Општина Битола

со седиште во град Битола


  1. Општина Богданци

со седиште во град Богданци


  1. Општина Валандово

со седиште во град Валандово


  1. Општина Велес

со седиште во град Велес


  1. Општина Виница

со седиште во град Виница


  1. Општина Гевгелија

со седиште во град Гевгелија


  1. Општина Гостивар

со седиште во град Гостивар


  1. Општина Дебар

со седиште во град Дебар


  1. Општина Делчево

со седиште во град Делчево


  1. Општина Демир Капија

со седиште во град Демир Капија


  1. Општина Демир Хисар

со седиште во град Демир Хисар


  1. Општина Кавадарци

со седиште во град Кавадарци


  1. Општина Кичево

со седиште во град Кичево


  1. Општина Кочани

со седиште во град Кочани


  1. Општина Кратово

со седиште во град Кратово


  1. Општина Крива Паланка

со седиште во град Крива Паланка


  1. Општина Крушево

со седиште во град Крушево


  1. Општина Куманово

со седиште во град Куманово


  1. Општина Македонска Каменица

со седиште во град Македонска Каменица


  1. Општина Македонски Брод

со седиште во град Македонски Брод


  1. Општина Неготино

со седиште во град Неготино


  1. Општина Охрид

со седиште во град Охрид


  1. Општина Пехчево

со седиште во град Пехчево


  1. Општина Прилеп

со седиште во град Прилеп


  1. Општина Пробиштип

со седиште во град Пробиштип


  1. Општина Радовиш

со седиште во град Радовиш


  1. Општина Ресен

со седиште во град Ресен


  1. Општина Свети Николе

со седиште во град Свети Николе


  1. Општина Струга

со седиште во град Струга


  1. Општина Струмица

со седиште во град Струмица


  1. Општина Тетово

со седиште во град Тетово


  1. Општина Штип

со седиште во град Штип



  1. Општини со седиште во село:




  1. Општина Арачиново

со седиште во село Арачиново


  1. Општина Босилово

со седиште во село Босилово


  1. Општина Брвеница

со седиште во село Брвеница


  1. Општина Василево

со седиште во село Василево
38. Општина Вевчани

со седиште во село Вевчани




  1. Општина Вранештица

со седиште во село Вранештица


  1. Општина Врапчиште

со седиште во село Врапчиште


  1. Општина Градско

со седиште во село Градско


  1. Општина Дебарца

со седиште во село Белчишта


  1. Општина Дојран

со седиште во село Стар Дојран


  1. Општина Долнени

со седиште во село Долнени


  1. Општина Другово

со седиште во село Другово


  1. Општина Желино

со седиште во село Желино


  1. Општина Зајас

со седиште во село Зајас


  1. Општина Илинден

со седиште во село Илинден


  1. Општина Јегуновце

со седиште во село Јегуновце


  1. Општина Камењане

со седиште во село Камењане


  1. Општина Карбинци

со седиште во село Карбинци


  1. Општина Конче

Со седиште во село Конче


  1. Општина Кривогаштани

со седиште во село Кривогаштани


  1. Општина Липково

со седиште во село Липково


  1. Општина Маврово

со седиште во село Ростуша


  1. Општина Могила

со седиште во село Могила


  1. Општина Новаци

со седиште во село Новаци


  1. Општина Ново Село

со седиште во село Ново Село


  1. Општина Осломеј

со седиште во село Осломеј


  1. Општина Петровец

со седиште во село Петровец


  1. Општина Пласница

со седиште во село Пласница


  1. Општина Ранковце

со седиште во село Ранковце


  1. Општина Росоман

со седиште во село Росоман


  1. Општина Сопиште

со седиште во село Сопиште


  1. Општина Старо Нагоричане

со седиште во село Старо Нагоричане


  1. Општина Студеничани

со седиште во село Студеничани


  1. Општина Теарце

со седиште во село Теарце


  1. Општина Чашка

со седиште во село Чашка


  1. Општина Чешиново

со седиште во село Чешиново


  1. Општина Чучер- Сандево

со седиште во село Чучер- Сандево

в) Општини во град Скопје


  1. Општина Аеродром

со седиште во град Скопје


  1. Општина Бутел

со седиште во град Скопје


  1. Општина Гази Баба

со седиште во град Скопје


  1. Општина Ѓорче Петров

со седиште во град Скопје


  1. Општина Карпош

со седиште во град Скопје


  1. Општина Кисела Вода

со седиште во град Скопје


  1. Општина Сарај

со седиште во град Скопје


  1. Општина Центар

со седиште во град Скопје


  1. Општина Чаир

со седиште во град Скопје
80. Општина Шуто Оризари

со седиште во град Скопје



III ПОДРАЧЈЕ НА ОПШТИНИТЕ И НАСЕЛЕНИ МЕСТА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Член 11
Подрачјето на општините од членот 10 под а) и под б) од овој закон, го сочинуваат катастарските општини на населените места во нивен состав.

Подрачјето на општините од членот 10 под в) од овој закон го сочинуваат катастарските општини на населените места во нивен состав и дел од градот Скопје како населено место, во граници утврдени со Законот за градот Скопје.



Член 12
Во општините од членот 10 на овој закон се утврдуваат следните населени места:



  1. Општина Арачиново - селата: Арачиново, Брњарци, Грушино, Мојанци и Орланци.




  1. Општина Берово - градот Берово и селата: Будинарци, Владимирово, Двориште, Мачево, Митрашинци, Ратево, Русиново и Смојмирово.

  2. Општина Битола - градот Битола и селата: Барешани, Бистрица, Братин Дол, Брусник, Буково, Велушина, Габалавци, Гопеш, Горно Егри, Горно Оризари, Граешница, Дихово, Доленци, Долно Егри, Долно Оризари, Драгарино, Драгожани, Драгош, Древеник, Ѓавото, Жабени, Злокуќани, Кажани, Канино, Карамани, Кишава, Кравари, Крклино, Кременица, Крстоар, Кукуречани, Лавци, Лажец, Лера, Лисолај, Логоварди, Лопатица, Магарево, Маловиште, Метимир, Меџитлија, Нижеполе, Ново Змирново, Облаково, Олевени, Оптичари, Орехово, Острец, Поешево, Породин, Рамна, Раштани, Ротино, Свиниште, Секирани, Снегово, Средно Егри, Српци, Старо Змирново, Стрежево, Трн, Трново, Цапари, Црнобуки и Црновец,

  3. Општина Богданци - градот Богданци и селата: Ѓавато, Селемли и Стојаково,

  4. Општина Босилово - селата: Бориево, Босилово, Гечерлија, Дрвош, Еднокуќево, Иловица, Моноспитово, Петралинци, Радово, Робово, Сарај, Секирник, Старо Балдовци, Турново, Хамзали и Штука.

  5. Општина Брвеница - селата: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек.

  6. Општина Валандово - градот Валандово и селата: Ајранли, Аразли, Бајрамбос, Балинци, Баракли, Башали, Башибос, Брајковци, Булунтули, Вејсели, Градец, Грчиште, Дедели, Ѓулели, Јосифово, Казандол, Кочули, Марвинци, Пирава, Плавуш, Прстен, Раброво, Собри, Татарли, Терзели, Удово,. Чалакли и Честево.

  7. Општина Василево - селата: Ангелци, Варварица, Василево, Висока Маала, Владиевци, Градошорци, Доброшинци, Дукатино, Едрениково, Кушкулија, Нивичино, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево, Требичино и Чанаклија.

  8. Општина Вевчани - село Вевчани

  9. Општина Велес - градот Велес и селата: Башино Село, Белештевица, Бузалково, Ветерско, Горно Каласлари, Горно Оризари, Долно Каласлари, Долно Оризари, Иванковци, Карабуњиште, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Ново Село, Ораовец, Отовица, Раштани, Рлевци, Рудник, С'лп, Сливник, Сојаклари, Сопот, Црквино, Чалошево и Џидимирци.

  10. Општина Виница - градот Виница и селата: Блатец, Виничка Кршла, Градец, Грљани, Драгобраште, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Лаки, Лески, Липец, Пекљани, Трсино и Црн Камен.

  11. Општина Вранештица - селата: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карабуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани-Челопечко, Светораче, Староец и Челопеци.

  12. Општина Врапчиште - селата: Врановци, Врапчиште, Галате, Градец, Горјане, Добри Дол, Ѓурѓевиште, Зубовце, Калиште, Ломница, Неготино-Полошко, Ново Село, Пожаране, Сенокос, и Топлица.

  13. Општина Гевгелија - градот Гевгелија и селата: Богородица, Габрово, Давидово, Кованци, Конско, Моин, Милетково, Миравци, Мрзенци, Негорци, Ново Коњско, Петрово, Прдејци, Серменин, Смоквица и Хума.

  14. Општина Гостивар - градот Гостивар и селата: Балин Дол, Беловиште, Бродец, Вруток, Горна Бањица, Горно Јеловце, Горна Ѓоновица, Дебреше, Долна Бањица, Долно Јеловце, Долна Ѓоновица, Железна Река, Здуње, Корито, Куново, Лакавица, Лешница, Мало Турчане, Мердита, Митрој Крсти, Падалиште, Печково, Симница, Србиново, Сушица, Страјане, , Равен и Речане. Трново,Тумчевиште, Ќафа, Форино, Чајле и Чегране.

  15. Општина Градско - селата: Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Грнчиште, Двориште, Долно Чичево, Згрополци, Кочилари, Куридере, Ногаевци, Подлес, Свеќани, Скачинци, Убого и Уланци.

  16. Општина Дебар - градот Дебар и селата: Бајрамовци, Баланци, Баниште, Бомово, Брештани, Броштица, Власиќи, Голем Папрадник, Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Евла, Елевци, Житинени, Коњари, Кочишта, Коџаџик, Кривци, Мал Папрадник, Новак, Осолница, Отишани, Оџовци, Пареши, Праленик, Рајчица, Селокуќи, Скудриње, Спас, Татар Елевци, Трнаниќ, Хаме, Џепиште., Центар Жупа и Црно Боци.

  17. Општина Дебарца - селата: Арбиново, Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Волино, Врбјани, Годивје, Горенци, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Издеглавје, Климештани, Лактиње, Лешани, Мраморец, Ново Село, Оздолени, Оровник, Песочани, Слатино, Слатински Чифлик, Сливово, Сошани, Требеништа, Турје и Црвена Вода.

  18. Општина Делчево - градот Делчево и селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Драмче, Звегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик.

  19. Општина Демир Капија - градот Демир Капија и селата: Барово, Бесвица, Бистренци, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Кошарка, Копришница, Корешница, Прждево, Стрмашево. Челевец и Чифлик.

  20. Општина Демир Хисар - градот Демир Хисар и селата: Бабино, Базерник, Бараково, Белче, Боиште, Брезово, Вардино, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Граиште, Доленци, Единаковци, Жван, Железнец, Журче, Загориче, Зашле, Кочиште, Кутретино, Лесково, Мало Илино, Мренога, Ново Село, Обедник, Прибилци, Радово, Ракитница, Растојца, Света, Сладуево, Слепче, Слоештица, Смилево, Сопотница, Стругово, Суво Грло, Суводол, Утово и Церово.

  21. Општина Дојран - селата: Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Севендекли, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос.

  22. Општина Долнени - селата: Бело Поле, Браилово, Вранче, Горно Село, Гостиражни, Дабјани, Дебреште, Десово, Долгаец, Долнени, Дреновци, Дупјачани, Жабјани, Житоше, Забрчани, Заполжани, Зрзе, Костинци, Кошино, Кутлешево, Лажани, Локвени, Мало Мраморани, Маргари, Небрегово, Новоселани, Пешталево, Рилево, Ропотово, Сарандиново, Секирци, Сенокос, Слепче, Сливје, Средорек, Стровија и Црнилиште.

  23. Општина Другово - селата: Белица, Брждани, Видрани, Големо Церско, Горна Душегубица, Горно, Добреноец, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Другово, Ехлоец,Иванчишта, Извор, Јаворец, Јудово, Кладник, Кленоец, Козица, Лавчани, Малкоец, Мало Церско, МанастирскоДоленци, Подвис,Попоец, Пополжани, Прострање,Свињиште, Србјани и Цер.

  24. Општина Желино - селата: Горна Лешница, Групчин, Добарце, Долна Лешница, Желино, Копачин Дол, Ларце, Луковица, Мерово, Ново Село, Озормиште, Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Требош, Церово и Чифлик.

  25. Општина Зајас - селата: Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Зајас, Колари, Колибари, Лешница, Мидинци, Речани-Зајаско и Тајмиште.

  26. Општина Илинден - селата: Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Илинден, Кадино, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци и Текија.

  27. Општина Јегуновце - селата: Беловиште, Вратница, Жилче, Јажинце, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Орашје, Подбреге, Прељубиште, Раотинце, Ратае, Рогачево, Сиричино, Старо Село, Туденце и Шемшево.

  28. Општина Кавадарци - градот Кавадарци и селата: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Ваташа, Возарци, Галиште, Гарниково, Глишиќ, Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, Р'жаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

  29. Општина Камењане - селата: Боговиње, Горно Палчиште, Горно Седларце, Долно Палчиште, Јеловјане, Камењане, Жеровјане, Новаќе, Ново Село, Пирок, Раковец, Селце Кеч, Синичане и Урвич.

  30. Општина Карбинци - селата: Аргулица, Батање, Вртешка, Голем Габер, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци, Ебеплија, Јунузлија, Калаузлија, Карбинци, Кепекчелија, Козјак, Крупиште, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Нов Караорман, Оџалија, Припечани, Прналија, Радање, Руљак, Таринци и Црвулево.

  31. Општина Кичево - градот Кичево и селата: Кнежино, Лазаровци, Мамудовци, Осој, Раштани и Трапчин Дол

  32. Општина Конче - селата: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитец и Скоруша.

  33. Општина Кочани - градот Кочани и селата: Безиково, Бели, Видовиште, Вранинци, Горни Подлог, Горно Градче, Главовица, Грдовци, Долни Подлог, Долно Градче, Зрновци, Јастребник, Костин Дол, Лешки, Мојанци, Мородвис, Небојани, Нивичани, Ново Село, Оризари, Пантелеј, Пашаџиково, Полаки, Пресека, Прибачево, Припор, Рајчани, Речани, Тркање и Црвена Нива.

  34. Општина Кратово - градот Кратово и селата: Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово и Шопско Рударе.

  35. Општина Крива Паланка - градот Крива Паланка и селата: Б'с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т'лминци, Трново и Узем.

  36. Општина Кривогаштани - селата: Бела Црква, Боротино, Воѓани, Врбјани, Годивје, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Мирче Ацев, Обршани, Пашино Рувци, Подвис и Славеј.

  37. Општина Крушево - градот Крушево и селата: Алданци, Арилево, Белушино, Бирино, Борино, Бучин, Врбоец, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Јакреново, Милошево, Норово, Острилци, Пресил, Пуста Река, Саждево, Свето Митрани и Селце.

  38. Општина Куманово - градот Куманово и селата: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак'в, Винце, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д'лга, Доброшане, Довезанце, Долно Коњаре, Живење, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Кутлибег, Кучкарево, К'шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Проевце, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези, Четирце и Шупљи Камен.

  39. Општина Липково - селата: Алашевце, Белановце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Думановце, Злокуќане, Извор, Липково, Лојане, Матејче, Никуштак, Опае, Оризари, Отља, Р'нковце, Ропалце, Руница, Слупчане, Стража и Стрима.

  40. Општина Маврово - селата: Аџиевци, Беличица, Бибај, Битуше, Богдево, Болетин, Велебрдо, Волковија, Видуше, Врбен, Врбјани, Галичник, Гари, Грекај, Дуф, Жировница, Жужње, Јанче, Кичиница, Кракорница, Леуново, Лазарополе, Маврови Анови, Маврово, Могорче, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново Село, Орќуше, Осој, Присојница, Росоки, Ростуша, Рибница, Селце, Сенце, Сретково, Сушица, Тануше, Требиште, Тресонче и Церово.

  41. Општина Македонска Каменица - градот Македонска Каменица и селата: Дулица, Косевица, Костин Дол, Луковица, Моштица, Саса, Тодоровци и Цера.

  42. Општина Македонски Брод - градот Македонски Брод и селата: Белица, Бенче, Битово, Близанско, Брезница, Брест, Вир, Волче, Горни Манастирец, Горно Ботушје, Горно Крушје, Грешница, Девич, Долни Манастирец, Долно Ботушје, Долно Крушје, Драгов Дол, Дреново, Заград, Звечан, Здуње, Зркле, Ижиште, Инче, Калуѓерец, Ковач, Ковче, Косово, Крапа, Латово, Локвица, Лупште, Могилец, Модриште, Ореовец, Рамне, Растеш, Русјаци, Самоков, Сланско, Слатина, Старо Село, Суводол, Сушица, Тажево, Томино Село, Тополница, Требино, Требовље и Црешнево.

  43. Општина Могила - селата:, Алинци, Беранци, Будаково, Вашарејца, Горна Чарлија, Долна Чарлија, Дедебалци, Добрушево, Долно Српци, Ивањевци, Лознани, Могила, Мојно, Мусинци, Новоселани, Ношпал, Подино, Путурус, Радобор, Свето Тодори, Трап, Трновци и Црничани.

  44. Општина Неготино - градот Неготино и селата: Брусник, Вешје, Војшанци, Горни Дисан, Долни Дисан, Дуброво, Јаношево, Калањево, Криволак, Курија, Липа, Пепелиште, Пештерница, Тимјаник, Тремник, Црвени Брегови, Џидимирци и Шеоба.

  45. Општина Новаци - селата: Арматуш, Балдовенци, Бач, Биљаник, Брник, Брод, Будимирци, Велесело, Врањевци, Гермијан, Гнеотино, Гнилеш, Горно Агларци, Градешница, Грумази, Груништа, Далбеговци, Добровени, Добромири, Долно Агларци, Долно Орехово, Живојно, Зовиќ 1, Зовиќ 2, Ивени, Маково, Мегленци, Новаци, Ново Село, Орле, Паралово, Петалино, Полог, Рапеш, Рибарци, Скочивир, Сливица, Совиќ, Старавина, Суво Дол и Тепавци.

  46. Општина Ново Село - селата: Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица.

  47. Општина Осломеј - селата: Арангел, Бериково, Герани, Жубрино, Јагол, Јагол Доленци, Ново Село, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Црвивци и Шутово.

  48. Општина Охрид - градот Охрид и селата: Вапила, Велгошти, Велестово, Горно Лакочереј, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Елшани, Завој, Коњско, Косел, Куратица, Лагадин, Лескоец, Ливоишта, Љубаништа, Опеница, Орман, Пештани, Плаќе, Подмоље, Рамне, Расино, Речица, Свиништа, Сирула, Скребатно, Трпејца и Шипокно.

  49. Општина Петровец - селата: Бадар, Блаце, Брезница, Вражале, Горно Коњари, Градманци, Градовци, Гумалево, Дејковец, Дивље, Добрино, Долно Коњари, Зелениково, Катланово, Кожле, Летевци, Ново Село, Огњанци, Орешани, Пакошево, Палиград, Петровец, Р’жаничино, Средно Коњари, Смесница, Страхојадица, Сушица, Таор, Тисовица, и Ќојлија,

  50. Општина Пехчево - градот Пехчево и селата: Негрево, Панчарево, Робово, Умлена, Црник и Чифлик.

  51. Општина Пласница - селата: Дворци, Лисичани, Пласница и Преглово.

  52. Општина Прилеп - градот Прилеп и селата: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крушевица, Крстец, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Тополчани, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица.

  53. Општина Пробиштип - градот Пробиштип и селата: Бунеш, Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Древено, Дренок, Зарепинци, Зеленград, Злетово, Јамиште, Калниште, Куково, Кундино, Лезово, Лесново, Марчино, Неокази, Пестршино, Петришино, Пишица, Плешанци, Пуздерци, Ратавица, Стрисовци, Стрмош, Трипатанци, Трооло, Турско Рудари и Шталковица.

  54. Општина Радовиш - градот Радовиш и селата: Али Коч, Али Лобаси, Бучим, Воиславци, Дамјан, Држани, Дурутлија, Злеово, Ињево, Јаргулица, Калаузлија, Калуѓерица, Каралобоси, Караџалар, Козбунар, Конче, Коџалија, Ново Село, Ораовица, Папавница, Погулево, Подареш, Покрајчево Прналија, Раклиш, Сариѓол, Смиланци, Сулдурци, Супурге, Тополница, Ќоселија, Худаверлија, Чесме Маале, Шаинташ, Шипковица и Штурово.

  55. Општина Ранковце - селата: Баратлија, Ветуница, Вржогрнци, Герман, Гиновци, Гулинци, Криви Камен, Љубинци, Милутинце, Одрено, Опила, Отошница, П'клиште, Петралица, Псача, Радибуш, Ранковце и Станча.

  56. Општина Ресен - градот Ресен и селата: Арвати, Асамати, Болно, Брајчино, Волкодери, Горна Бела Црква, Горно Дупени, Горно Крушје, Грнчари, Долна Бела Црква, Долно Дупени, Долно Перово, Дрмени, Евла, Езерани, Златари, Избишта, Илино, Јанковец, Козјак, Коњско, Крани, Кривени, Курбиново, Лавци, Лева Река, Лескоец, Љубојно, Наколец, Отешево, Петрино, Подмочани, Покрвеник, Прељубје, Претор, Рајца, Сливница, Сопотско, Стење, Стипона, Царев Двор, Штрбово и Шурленци,

  57. Општина Росоман - селата: Дебриште, Камен Дол, Крушевица, Манастирец, Мрзен Ораовец, Паликура, Рибарци, Росоман, Сирково и Трстеник.

  58. Општина Свети Николе - градот Свети Николе и селата: Алакинце, Амзабегово, Арбасанци, Аџибегово, Аџиматово, Бекирлија, Богословец, Буриловци, Горно Ѓуѓанце, Горно Црнилиште, Горобинци, Делисинци, Долно Ѓуѓанце, Долно Црнилиште, Дорфулија, Ѓуземелци Ерџелија, Кадрифаково, Каратманово, Кишино, Кнежје, Крушица, Лозово, Макреш, Малино, Мездра, Мечкуевци, Милино, Мустафино, Немањица, Орел, Павлешенци, Патетино, Пеширово, Преод, Ранчинци, Сарамзалино, Сопот, Стануловци, Стањевци, Строиманци, Трстеник и Ќоселари.

  59. Општина Сопиште - селата: Барово, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Ракотинци, Света Петка, Сопиште и Чифлик.

  60. Општина Старо Нагоричане - селата:, Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М'гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек.

  61. Општина Струга - градот Струга и селата: Безово, Биџево, Богојци, Бороец, Брчево, Буринец, Велешта, Вишни, Враниште, Глобочица, Горна Белица, Горно Татеши, Долна Белица, Делогожди, Добовјани, Долно Татеши, Драслајца, Дренок, Заграчани, Збажди, Јабланица, Калишта, Корошишта, Лабуништа, Лакаица, Ливада, Ложани Локов, Луково, Мали Влај, Мислешево, Мислодежда, Модрич, Мороишта, Нерези, Ново Село, Октиси, Радожда, Радолишта, Франгово и Шум, и Пискупштина, Подгоеци, Поум, Присовјани, Р'жаново, Селци, Ташмаруништа, Тоска и Џепин.

  62. Општина Струмица - градот Струмица и селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино, Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три Води и Чепели.

  63. Општина Студеничани - селата: Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв.

  64. Општина Теарце - селата: Брезно, Варвара, Глоѓи, Доброште, Јелошник, Лешок, Непроштено, Нераште, Одри, Првце, Пршовце, Слатино и Теарце.

  65. Општина Тетово - градот Тетово и селата: Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Голема Речица, Ѓермо, Једоарце, Лавце, Лисец, Мала Речица, Отуње, Порој, Сараќино, Селце, Сетоле Фалиш Џепчиште и Шипковица.

  66. Општина Чашка - селата: Бањица, Бистрица, Богомила, Бусилци, Владиловци, Витанци, Војница, Габровник, Голозинци, Горно Врановци, Горно Јаболчиште, Долно Врановци, Долно Јаболчиште, Дреново, Еловец, Извор, Капиново, Крајници, Крива Круша, Крнино, Лисиче, Мартолци, Мелница, Мокрени, Нежилово, Ново Село, Оморани, Ораов Дол, Ореше, Отиштино, Папрадиште, Плевење, Поменово, Попадија, Раковец, Смиловци, Согле, Стари Град, Степанци, Теово, Црешнево и Чашка.

  67. Општина Чешиново - селата: Бања, Бурилчево, Врбица, Жиганце, Кучичино, Лепопелци, Ново Селани, Облешево, Соколарц, Спанчево, Теранци, Уларци, Чешиново и Чифлик.

  68. Општина Чучер-Сандево - селата: Бањане, Блаце, Бразда, Брест, Бродец, Глуво, Горњане, Кучевиште, Мирковци, Побожје, Танушевци и Чучер - Сандево.

  69. Општина Штип - градот Штип и селата: Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село, Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судиќ, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлиќ, Три Чешми, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур.

в) Општини во Градот Скопје

  1. Општина Аеродром - селото Долно Лисиче.

  2. Општина Бутел - селата: Љубанци, Љуботен и Радишани.

  3. Општина Гази Баба - селата: Булачани, Гоце Делчев, Идризово, Инџиково, Јурумлери, Раштак, Сингелиќ, Смиљковци, Стајковци, Страчинци, Црешево и Трубарево.

  4. Општина Ѓорче Петров - селата: Волково, Грачани, Кучково, Никиштане, Ново Село и Орман.

  5. Општина Карпош - селата: Бардовци и Горно Нерези.

  6. Општина Кисела Вода - селата: Драчево и Усје.

  7. Општина Сарај - селата: Арнакија, Бојане, Буковиќ, Глумово, Горно Свиларе, Грчец, Дворце, Долно Свиларе, Кондово, Копаница, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Матка, Паничари, Радуша, Раовиќ, Рашче, Рудник Радуша, Семениште, Чајлане и Шишево.

  8. Општина Центар

  9. Општина Чаир

  10. Општина Шуто Оризари - селото Горно Оризари.


          IV ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕСНАТА САМОУПРАВА


ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 13

Во Република Македонија месната самоуправа територијално може да се организира во облици на месна самоуправа за подрачје во општина, определено со закон, на начин и постапка утврдени со статутот на општината.


Член 14

Општината востановува и води евиденција за облиците на месната самоуправа што се основани на нејзиното подрачје, согласно со закон и статут.

Општината е должна да достави извод од евиденцијата на облиците на месната самоуправа, по нивното основање, до Министерството надлежно за локалната самоуправа

Министерот надлежен за локалната самоуправа го пропишува образецот и начинот на водење на евиденцијата од ставот 2 на овој член.



          V ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ




Член 15
Постојните општини продолжуваат со работа до денот на конституирањето на советите на општините од членот 10 на овој закон.
Член 16
Општините од членот 10 став 1 под б) точка 39, точка 45, точка 47 и точка 59 од овој закон ќе функционираат до локалните избори 2008 година, од кога ќе станат составен дел на општината од членот 10 став 1 под а) точка 14.

Конституирањето на органите и организирањето на новоформираната општина од член 10 став 1 под а) точка 14 од овој закон ќе се спроведе согласно одредбите од оваа глава.



Член 17
Изборите за органите на општините што ќе бидат распишани по влегувањето во сила на овој закон ќе се однесуваат на општините од членот 10 на овој закон.

Владата на Република Македонија за спроведување на изборите од став 1 на овој член, најдоцна 15 дена по влегувањето во сила на овој закон, врз основа на официјалните податоци за бројот на населението по општини во Република Македонија, ќе го утврди и објави бројот на членовите на советите на општините од членот 10 на овој закон.


Член 18
Конститутивната седница на советот на општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, ќе ја свика претседателот на советот на постојната општина на чие подрачје се наоѓа седиштето на општината од членот 10 на овој закон.


Член 19
Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, ги презема опремата, инвентарот и другите работи, архивата, документацијата, средствата за работа и средствата на општинските фондови, јавните претпријатија и јавните установи и другите права и обврски на постојните општини.

Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, ги презема вработените кои засновале работен однос во постојните општини до денот на влегување во сила на овој закон.



Член 20
Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, ги презема обврските на постојните општини до висина на средствата обезбедени во буџетите на општините за тековната година и другите приходи во согласност со закон.

Член 21
Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, ќе ги донесе статутот на општината и актите за организација и систематизација на општинската администрација најдоцна во рок од 60 дена од денот на конституирањето на советот на општината.

Прописите на постојните општини, чии подрачја го сочинуваат подрачјето на една од општините од членот 10 на овој закон, продолжуваат да се применуваат за подрачјата за кои се донесени, до донесувањето на прописите на општината од членот 10 на овој закон.



Член 22
Постојните општини, чии подрачја го сочинуваат подрачјето на една од општините од членот 10 на овој закон, ќе ги заклучат службените книги заклучно со денот на конституирањето на советот на општината од членот 10 од овој закон.

Печатите, штембилите и деловодниците на постојните општини чии подрачја го сочинуваат подрачјето на една од општините од членот 10 на овој закон, ги презема општината од член 10 на овој закон и со нив постапува во согласност со закон

Незавршените предмети на органите на постојните општини чии подрачја го сочинуваат подрачјето на една од општините од членот 10 на овој закон, ги презема општината од членот 10 на овој закон.

Член 23
Приходите и расходите на буџетите на постојните општини чии подрачја го сочинуваат подрачјето на една од општините од членот 10 на овој закон, стануваат составен дел на буџетот на општината од членот 10 на овој закон.
Член 24
Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, е должна да ги изготви и усвои годишните сметки за тие општини .

Член 25
Општината од членот 10 на овој закон, ги презема оснивачките права на јавните претпријатија од комунална дејност и други јавни установи,основани од општините чии подрачја го сочинуваат подрачјето на општината од членот 10 на овој закон.

Член 26
Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, обезбедува функционирање на постојната општинска администрација од тие подрачја, како составен дел на нејзината општинска администрација.

Општината од членот 10 на овој закон, чие подрачје го сочинуваат подрачјата на две или повеќе постојни општини, ќе донесе акт со кој ќе ги утврди работите што ќе ги врши општинската администрација за тоа подрачје.

Актот од ставот 2 на овој член ќе се донесе во рок од 60 дена од денот на конституирањето на советот општината од членот 10 на овој закон.
Член 27

Општината од членот 10 на овој закон, заради обезбедување на извршување на надлежностите може да склучи договор за функционална соработка со соседната општина или договор за формирање заедничка јавна служба.

Ако општината од членот 10 на овој закон не обезбеди извршување на надлежностите или не го склучи договорот од ставот 1 на овој член, Републиката ќе го обезбеди извршувањето на надлежностите во име и за сметка на општината.

Член 28
Општината од член 10 на овој закон, во статутот на општината ќе утврди кои од надлежностите на градоначалникот може да се делегираат на претседателот на советот на месната самоуправа и ќе го уреди начинот на обезбедување средства за вршење на тие работи.


Член 29
Образецот и начинот на водење на евиденцијата од членот 14 ставот 3, ќе се донесе во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила на овој закон.


Член 30
Органот надлежен за работите за премерот и катастарот на недвижности, во рок од 9 месеци од денот на влегување во сила на овој закон, ќе ги утврди границите на катастарските општини на населените места и границите на општините од членот 10 на овој закон, со опис и скици на тие граници.

Член 31
Градот Скопје и општините од членот 10 на овој закон, со седиште во град, се должни да ги усогласат генералните урбанистички планови со одредбите на овој закон, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 32
Со денот на отпочнување на примена на овој закон престанува да важи Законот за територијална поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа ("Службен весник на РМ" бр.49/96) и Законот за уредување на односите меѓу новите единици на локалната самоуправа и единиците на локалната самоуправа од кои произлегуваат ("Службен весник на РМ" бр. 59/96).
Член 33

Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен Весник на Република Македонија ", а ќе се применува од наредните локални избори.




Каталог: WBStorage -> Files
Files -> Закон за изменување и дополнување на законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци
Files -> Образец бр
Files -> Закон за изменување и дополнување на законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци
Files -> Општи стандарди за болести
Files -> 0604 удар тековен
Files -> Народна банка на република македонијА
Files -> Визен дијалог рм еу


Достарыңызбен бөлісу:
  1   2   3   4   5


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет