Закон за територијална организација на локалната самоуправа во република македонија скопје, јули 2004 година



жүктеу 0.87 Mb.
бет2/5
Дата14.03.2018
өлшемі0.87 Mb.
түріЗакон
1   2   3   4   5

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е



          I ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со донесувањето на Законот за локалната самоуправа ("Службен весник на РМ" бр. 5/02), значително се зголеми бројот на надлежностите на општините, со што се зголеми и обемот на одговорностите на постојните општини за повеќе области од секојдневно значење и интерес за граѓаните. Тие надлежности се во следните области: планирање и водење на локалниот економски развој; планирање и урбанистичко уредување на подрачјето на општината; организирање, уредување и управување со комуналната инфраструктура и дејности; одделни прашања од сферата на образованието, здравството, социјалната заштита, културата и спортот; заштитата на животната средина и природата, како и други прашања од непосреден интерес за граѓаните во општината.

Донесувањето на Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија произлезе од потребата за усогласување со Законот за локалната самоуправа, со кој големиот број надлежности, односно збирот на работите од јавен интерес од локално значење, генерално ја наметнаа потреба да се преиспита големината и капацитетот на општините за извршување на определените надлежности со потребниот квалитет и ефикасност. Поголемиот дел на новите надлежности не можат да се извршуваат во рамките на постојната територијална организација, особено од страна на повеќето помали општини.

Имајќи го предвид тоа, основните причини за донесување на законот се:

- непостоење рамнотежа помеѓу опфатот на надлежностите, кадрите и обемот на работа од една страна и минималната големина, економската и финансиската моќ на општините од друга страна;

- создавање услови за рационално вклучување на граѓаните во вршењето на работите од локална надлежност;

- терминолошко усогласување на називи на населени места;

- пополнување на празнината во законската регулатива во врска со утврдувањето на видот на населените места според нивното функционално значење.

Поаѓајќи од ова со новата територијална организација на локалната самоуправа треба да се создадат општини како реално одржливи заедници на жителите на одредено подрачје. Во такви општини граѓаните треба да ги остваруваат своите потреби и интереси, во рамките утврдени со Законот за локалната самоуправа и во согласност со стандардите и нормативите во законите со кои ќе се изврши децентрализација на надлежностите.

Освен ова со донесувањето на овој Закон се исполнува и една

од обврските од Рамковниот договор.

II ОДНОСИ ШТО СЕ УРЕДУВААТ СО ЗАКОНОТ

Со овој закон се уредува територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, се основаат општините, се утврдуваат подрачјата на општините и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, се утврдуваат имињата, седиштата и границите на општините, се определува видот и имињата на населените места, како и други прашања што произлегуваат од територијалната организација на локалната самоуправа.

При определувањето на конкретните решенија, оценувани се реалните демографски и економски состојби, а особено локалните економски капацитети и степенот на изградени инфраструктурни објекти и објекти за општествен стандард, како предуслов за одржливоста и развојот на општината. При сето тоа, водена е сметка за обврската подрачјата на општините да не ги сечат границите на постојните катастарски општини.

Во една таква рамка, Предлог - законот за територијалната организација на Република Македонија ги определува општините раководејќи се од следните критериуми:

- општината, по правило да не е помала од 5000 жители, а бројот на населението во општинскиот центар, по правило да изнесува најмалку 2000 жители;

- економската одржливост да се заснова на постоење на доволен број на стопански субјекти кои би генерирале доволно средства за успешен материјален и социјален развој;

- на односното подрачје да постојат објекти од општествен стандард и служби од областа на: здравството, образованието, социјалните грижи, културата и сл.

- инфраструктурната опременост, односно изградените системи за комунално опслужување на општинскиот центар да овозможува поефикасно организирање на населбите и поголема достапност на услугите до граѓаните;

- природните и географски услови да овозможуваат гравитирање и комуникациско поврзување на населените места со центарот;

- почитување на определени специфики на територијалната организација сврзани со определени историски, културни и еколошки карактеристики на населените места, претходно достигнат степен во развојот на комуналниот систем итн.

Во рамките на така определените критериуми, локалната самоуправа територијално се организира со спојување на повеќе постојни општини во една целина заради сразмерност на нивната големина и капацитети со функциите утврдени во членот 22 од Законот.

Во споредба со постојниот Закон за територијална организација, со Предлог-законот се дефинираат два вида општини според видот на населеното место во кое се наоѓа нивното седиште.

Определувањето на општините со седиште во град и општини со седиште во село произлегува од степенот на изграденоста, функционалноста и другите објективни услови со кои се карактеризираат населените места определни како седишта на општините.

Општините во градот Скопје, според дефиницијата опфаќаат дел од населеното место Скопје и населени места во неговата непосредна околина. Седиштетото на овие општини е определено да биде градот Скопје, со што се обезбедува карактерот на општина со седиште во град.

Дел од општините во чии рамки сите населени места се од рурален карактер се основаат заради фактот што во изминатиот период е постигнат определен стопанскиот раст и демографскиот развој кој упатува на перспективност и можности за натамошен развој во сите сфери, па и во доменот на локалната самоуправа.

Новата територијална организација, опфаќа:



  • 13 општини до 5000 жители

  • 14 општини од 5000 до 10 000 жители

  • 20 општини од 10000 до 20000 жители

  • 14 општини од 20 000 до 50 000 жители

  • 8 општини од 50 000 до 100 000 жители

  • 1 општина со над 100 000 жители и

  • Градот Скопје со 10 општини и со 502 665 жители

Просечната големина на овие општини е 25 00 жители, од кои 43 се со седиште во град и 37 со седиште во село.

Врз основа на Собраниската расправа по Предлогот за донесување закон за територијална организација на единиците на локалната самоуправа, референдумското изјаснување на општините, забелешките, предлозите и сугестиите од органи на локалната самоуправа и од месни заедници како и врз основа на анализата на функционалноста во поврзувањето на населените места, во однос на Предлогот за донесување на закон се направени следните корекции:

- Во Предлог - законот се предложени уште пет нови општини: Василево, Вевчани, Градско, Конче и Дојран.

- Направена е промена на името и на седиштето на општина Облешево во општина Чешиново со седиште во Чешиново, на општина Маврови Анови во општина Маврово со седиште во Ростуша, на општина Мешеишта во општина Дебарца со седиште во Белчишта, на општина Боговиње во општина Камењане со седиште во Камењане.

- Поради подобра сообраќајно - комуникациска и функционална поврзаност со општинскиот центар, некои населени места, од една се приклучени кон друга општина.

Со Предлог - законот за територијална организација на локалната самоуправа, покрај тоа што се основаат општините и се определува нивното име и седиште, се уредуваат и други прашања како што се:

-дефинирање на поимите град и село како населени места со свои карактеристики и утврдување на нивните граници и имиња;

-востановување и водење евиденција на облиците на месна самоуправа основани во општините;

-преодниот правен режим во врска со уредувањето на односите меѓу општините основани со овој закон и досегашните општини чии подрачја го сочинуваат подрачјето на новата општина; распишувањето на изборите за органите на општините основани со овој закон; преземањето на работниците, опремата, инвентарот и другите работи, архивата, документацијата, средствата за работа и средствата на општинските фондови, јавните претпријатија и јавните установи и другите права и обврски на досегашните општини, од страна на новите општини.

Предлог - законот предвидува функционирање на општинската администрација на постојните општини, како составен дел на администрацијата на новата општина во чиј состав тие влегуваат. На овој начин се обезбедува граѓаните од подрачјето на општините што се припојуваат, да продолжат да ги остваруваат своите права во постојното место на живеење.



Предлог - законот уредува и други прашања кои имаат за цел да обезбедат континуитет во остварувањето на правата и интересите на граѓаните пред органите на локалната самоуправа и јавните служби. Притоа, се создаваат услови за изградување на соодветен административен капацитет (врз принципите на рационалност, ефикасност и квалитет) за извршување на надлежностите.



Каталог: WBStorage -> Files
Files -> Закон за изменување и дополнување на законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци
Files -> Образец бр
Files -> Закон за изменување и дополнување на законот за правата на воените инвалиди,на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци
Files -> Општи стандарди за болести
Files -> 0604 удар тековен
Files -> Народна банка на република македонијА
Files -> Визен дијалог рм еу


Достарыңызбен бөлісу:
1   2   3   4   5


©kzref.org 2019
әкімшілігінің қараңыз

    Басты бет